/ Прочитано:

777

АКАДЕМИК ОБУКА: Начини и мерки за задолжително обезбедување заштита и тајност на личните податоци

На 30 јануари 2020 година (четврток) Академик ќе одржи обука на тема „Начини и мерки за задолжително обезбедување заштита и тајност на личните податоци“. Предавач на обуката ќе биде Ангел Наковски, долгогодишен експерт од областа на заштитата на личните податоци.

Во согласност со Општата регулатива за заштита на личните податоци на Европскиот парламент и Советот на Европската Унија и врз основа на македонската регулатива од областа на заштитата на личните податоци, пропишани се стандарди и предвидени се мерки за обезбедување тајност и заштита при обработката на личните податоци, дефинирани се бројни обврски и одговорности на контролорите и на обработувачите на личните податоци, како и механизми за препознавање злоупотреби и за примена на начини за заштита на правата на субјектите на личните податоци.

Заштитата на личните податоци е тема за која е потребно континуирано обучување, како и усовршување на начинот на преземање на техничките мерки за заштита, па оттаму Академик повторно организира обука на која ќе биде понудена сеопфатна стручна подготовка на учесниците за секој аспект од заштитата на личните податоци.

Во рамките на обуката се обработуваат Законот за заштита на личните податоци; Општата регулатива за заштита на личните податоци; правата на субјектот на лични податоци  и обврските на контролорот; улогата, надлежностите, обврските и одговорностите на офицерот за заштита на личните податоци; начинот на вршење видеонадзор. Понатаму, на обуката детално се објаснуваат техничките мерки што треба да ги преземе контролорот, задолжителната документација што треба да ја поседува, начинот на донесување на правилниците за заштита на личните податоци и на процедурите за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.

Агенда

ПРАВНА РАМКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

  • Што сè претставува личен податок кој подлежи на заштита во согласност со Законот за заштита на личните податоци;
  • Примена на Законот за заштита на личните податоци – материјална и територијална;
  • Заштитата на личните податоци во корелација со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер;
  • Правила и мерки во согласност со Општата регулатива за заштита на личните податоци.

ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

  • Права на субјектот на лични податоци – обврски на контролорот;
  • Евиденција на активности за обработка;
  • Офицер за заштита на личните податоци – улога, надлежности, обврски и одговорности;
  • Обработка на личните податоци преку системи за видеонадзор;
  • Технички мерки кои задолжително треба да бидат преземени при вршење видеонадзор;
  • Потребна документација и евиденција при вршење видеонадзор.

ТЕХНИЧКИ  И ОРГАНИЗАЦИСКИ МЕРКИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ТАЈНОСТ И ЗАШТИТА НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

  • Документација за техничките и организациските мерки;
  • Правилници за заштита на личните податоци кои треба да бидат донесени од контролорот;
  • Процедури за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци;
  • Склучување договори со обработувачите на личните податоци;
  • Задолжително спроведување интерни контроли за начинот на обработка и заштита на личните податоци (периодична, квартална и годишна);
  • Спроведување надворешни контроли;
  • Најчести повреди на Законот при неговата примена преку образложени реални примери и случаи од практиката

Време и место на одржување на обуката: 30.1.2020 година, 10:00 15:00 часот, Центар за обуки „Академик“, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.  На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.За пријавени тројца или повеќе учесници од ист правен субјект следува дополнителен попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3122 308.