АКАДЕМИК ОБУКА: Новините предвидени во Предлог-законот за прекршоците и во Предлог-законот за управните спорови
На 11 април Академик ќе одржи обука на тема „Новините предвидени во Предлог-законот за прекршоците и во Предлог-законот за управните спорови како дел од реформата на правосудниот систем“.
Предавачи на обуката ќе бидат Каролина Стојановска-Богдановска, виш управен инспектор од Државниот управен инспекторат, и Анета Тошевска, раководител на одделение – Сектор за правосудство при Министерството за правда.
Новиот Предлог-закон за прекршоците и новиот Предлог-закон за управните спорови веќе се влезени во собраниска процедура и наскоро се очекува нивното донесување. Овие предлог-закони се дел од пакетот закони во рамки на Стратегијата за реформа на правосудниот систем.
Предлог-законот за прекршоците предвидува олабавување на казнената политика преку драстично намалување на висината на глобите за физичките и за правните лица; градација помеѓу мали, средни и големи претпријатија при одмерување на глобата; изрекување опомена пред да биде изречена глоба, доколку прекршокот е сторен за прв пат, што позитивно ќе влијае врз бизнис-заедницата.
Со Предлог-законот за управните спорови детално се уредува постапката пред Управниот суд и пред второстепениот суд, се предвидува задолжителност на јавна расправа во постапката и се зајакнуваат можностите за мериторно одлучување на Управниот суд. Исто така, со Предлог-законот се зголемува ефикасноста на управниот спор преку обезбедување на систем за извршување на пресудите и преку скратување на должината на управносудската постапка.
Агенда
- Клучни новини предвидени во Предлог-законот за прекршоците;
- Начела врз кои се заснова Предлог-законот;
- Значајни разлики во однос на постојното законско решение;
- Забрана за двојно изрекување санкции;
- Материјални закони кои ќе подлежат на измени и дополнувања поради донесувањето на Законот за прекршоците;
- Предвидени законски одредби со кои посебно ќе бидат засегнати правните лица и јавните органи;
- Влијанија на Предлог-законот врз бизнис-заедницата;
Прекршочна постапка и одговорност во согласност со Предлог-законот за прекршоците
- Подобрување на ефикасноста на прекршочната постапка;
- Правило за изрекување опомена пред изрекување глоба;
- Разграничување помеѓу административните и судските прекршоци;
- Клучна новина во одговорноста на физичкото лице како одговорно лице во правното лице;
- Одмерување на глоба – градација помеѓу мали, средни и големи претпријатија;
- Надлежност за водење постапка по сторен прекршок;
- Тек на прекршочната постапка.
Најзначајни новини во Предлог-законот за управните спорови
- Најзначајни новини предвидени во Предлог-законот;
- Начела врз кои се темели новиот Предлог-закон;
- Ефикасност во водењето на постапката;
- Задолжителна јавна расправа во постапката, со строго дефинирање на исклучоците;
- Воведување „модел одлука“ и „модел постапка“.
Тек на постапката за водење управен спор во согласност со Предлог-законот
- Поведување управен спор;
- Надлежност на Управниот суд за одлучување по тужбено барање;
- Одлучување во врска со претходно прашање;
- Можност за поднесување предлог за враќање во поранешна состојба;
- Донесување пресуда во спор на полна јурисдикција;
- Постапување на Судот при усвојување на тужбено барање;
- Можност за склучување судско порамнување;
- Постапка по жалба пред второстепениот суд;
- Новини во системот на извршување на пресудите.
Време и место на одржување на обуката: 11.4.2019 година, 10:00 – 16:00 часот, Центар за обуки Академик, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.
На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.
Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.
Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуката преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.