/ Прочитано:

1.663

АКАДЕМИК ОБУКА: Новините во Законот за вработување и работа на странци и неговата усогласеност со Законот за странци

На обуката ќе се направи и соодветна паралела помеѓу надлежностите на сите институции кои се вклучени во процесот на вработување на странец, како реална потреба која се наметнува кога станува збор за ваква комплексна постапка во која повеќе институции се повикани да го дадат своето мислење.

????????????????????????????????????

Со зголемувањето на обемот на работа, голем број од правните субјекти имаат реална потреба од ангажирање работна сила од странство. Имајќи ја предвид оваа ситуација, а секогаш следејќи ги најновите правни трендови, Академик организира обука токму на оваа тема, која ќе се реализира на 27.9.2016 год., во хотелот „Солун“ во Скопје.

Ги покануваме сите субјекти кои се соочиле со вработување странец да бидат дел од оваа обука која ќе понуди одговор на голем број прашања во поглед на промените што ги имплицира донесувањето на новиот Закон за вработување и работа на странци, и на која ќе биде направена анализа на комплетната постапка за добивање дозвола за работа на странец, од самиот почеток на постапката до нејзиното завршување.

Во таа насока, ќе стане збор и за условите што треба да ги исполнува лице со странско државјанство за да се стекне со дозвола за работа во Република Македонија.

Ќе ги анализираме ефектите што можат да се очекуваат од воведувањето на единствената постапка за стекнување на дозвола за работа и дозвола за привремен престој, како и најголемите проблеми што се јавуваат во практиката во поглед на оваа постапка.

На обуката ќе се направи и соодветна паралела помеѓу надлежностите на сите институции кои се вклучени во процесот на вработување на странец, како реална потреба која се наметнува кога станува збор за ваква комплексна постапка во која повеќе институции се повикани да го дадат своето мислење.

Одговори на сите овие прашања ќе се обидат да дадат претставник од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, со долгогодишно искуство во оваа област, потоа претставници од реномирана агенција за посредување при вработување и времени вработувања, како и адвокат кој, исто така, има големо искуство во водење постапки од оваа материја.

За сите детали во врска со обуката, можете да ни се обратите на е-пошта: practicum@akademik.com.mk, како и на телефонските броеви 02/3221-091 и 02/3232-821.

Во прилог погледнете ја агендата за обуката.

newsleter_Вработување и работа на странци_27 1