/Прочитано:

96

АКАДЕМИК ОБУКА: Новиот Закон за инспекциски надзор и подзаконските акти

На 23.1.2020 година (четврток) Академик ќе одржи обука за новиот Закон за инспекциски надзор и подзаконските акти.

На 30 ноември 2019 година стапи во примена новиот Закон за инспекциски надзор.

Со новиот Закон за инспекциски надзор се уредуваат основните начела на инспекцискиот надзор, организацијата и раководењето со инспекциските служби, следењето, контролата и координацијата на работата на инспекциските служби; се воведува проценка на ризик, како нов начин на планирање на работа на инспекциските служби; конкретно се уредени правата и обврските на инспекторот, формата и содржината на месечните и годишните планови за работа, а воедно утврдена е превентивната улога на инспекцискиот надзор преку воведување на опомената како задолжителен чекор пред изрекување казна.

На обуката во организација на Академик, учесниците детално ќе се запознаат со начинот за правилна примена на Законот за инспекциски надзор и новодонесените подзаконски акти. На обуката ќе бидат обработени сите важни елементи на Законот и новините што се воведуваат со подзаконските акти, како што се:

Начинот за подготовка на месечен и годишен план за работа;

Проценката на ризик, како нов начин на планирање на работа на инспекциските служби – кога се прави, што вклучува, како се врши, кои се основите за проценка;

Листата за проверка, како задолжителен чекор при спроведување редовен инспекциски надзор;

Начинот и постапките на вршење на инспекцискиот надзор;

Одговорност на инспекторот;

Награда на инспекторот.

Агенда:

СЛЕДЕЊЕ НА РАБОТАТА НА ИНСПЕКЦИСКИТЕ СЛУЖБИ

  • Начела на инспекцискиот надзор;
  • Организација на инспекциските служби;
  • Проценка на ризик, како нов начин на планирање на работа на инспекциските служби – кога се прави, што вклучува, како се врши, кои се основите за проценка;
  • Нов рок за поднесување на годишните планови за работа на инспекциските служби;
  • Подготовка на годишни планови во согласност со новиот Правилник за формата и содржината на годишните планови за работа на инспекциските служби;
  • Подготовка на месечен план за работа на секој инспектор во согласност со новиот Правилник за формата и содржината;
  • Извештај за работа на инспекциската служба во согласност со новиот Правилник за формата и содржината на извештајот за работа на инспекциската служба за претходните шест месеци и на годишниот извештај за работа на инспекциските служби.

ВРШЕЊЕ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

  • Видови инспекциски надзор: редовен инспекциски надзор (листа за проверка); вонреден инспекциски надзор (иницијатива за инспекциски надзор, налог за вршење на единичен и заеднички вонреден инспекциски надзор); контролен инспекциски надзор; заеднички инспекциски надзор;
  • Начин и постапки на вршење на инспекцискиот надзор;
  • Четири фази на спроведувањето на инспекциски надзор;
  • Листа за проверка, како задолжителен чекор при спроведување редовен инспекциски надзор;
  • Право на инспекторот при вршење на инспекцискиот надзор;
  • Обврска за составување записник од спроведен инспекциски надзор;
  • Опомена и решение по извршен инспекциски надзор;
  • Објавување на инспекциските акти;
  • Евиденција за инспекциската постапка.

СТАТУС, ВРАБОТУВАЊЕ, ОЦЕНУВАЊЕ и ОДГОВОРНОСТ НА ИНСПЕКТОР

  • Посебни услови за вработување инспектор;
  • Пополнување на работно место инспектор;
  • Лиценца за инспектор – обука, испит, издавање, важност и одземање (Правилник за формата и содржината на програмите за обука за стекнување со лиценца за инспектор; Правилник за начинот за спроведување на испитот за стекнување со лиценца за инспектор; Правилник за формата и содржината на образецот за лиценца за инспектор);
  • Службена легитимација и значка (Правилник за формата и содржината на образецот на службената легитимација и значката на инспекторот, како и начинот на нивното издавање и одземање во инспекциските служби);
  • Плата и надоместоци на плата за инспектор и осигурување на инспектор;
  • Награда на инспектор (Упатство за доделување на парична награда за инспектор);
  • Одговорност на инспектор;
  • Учинок на инспектор (Правилник за начинот на оценување и формата и содржината на образецот за оценување на учинокот на инспекторите; Правилник за формата и содржината на извештајот за оценување на учинокот на инспекторите).

ПРАШАЊА, ОДГОВОРИ И ДИСКУСИЈА

Време и место на одржување на обуката: 23.1.2020 година, 10:00 – 15:00 часот, Центар за обуки „Академик“, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.  

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и закуска за време на паузите.   

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

За пријавени тројца или повеќе учесници од ист правен субјект следува дополнителен попуст. 

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3122 308.