/Прочитано:

244

АКАДЕМИК ОБУКА: Новиот Закон за инспекциски надзор и приватниот сектор – права и обврски на компаниите

На 17 декември 2019 година (вторник) Академик ќе одржи обука на тема „Новиот Закон за инспекциски надзор и приватниот сектор – права и обврски на компаниите“. Предавач на обуката ќе биде  Методија Димовски – член на Инспекцискиот совет.

На 30 ноември 2019 година стапува во примена новиот Закон за инспекциски надзор. Превентивната улога на инспекцискиот надзор е една од главните новини во Законот. Имено, компаниите ќе добиваат опомена и рок да ја отстранат неправилноста констатирана со надзорот пред да им биде изречена казна. Дополнително, преку примена на начелото на пропорционалност инспекторот е должен да презема инспекциски мерки кои се неопходни за отстранување на неправилностите и кои истовремено ќе бидат и најповолни за субјектот на надзорот.

Академик на 17 декември 2019 година (вторник) организира еднодневна обука преку која компаниите конкретно ќе се запознаат со нивните права и обврски при вршење инспекциски надзор. Учесниците на обуката ќе стекнат конкретни знаења за тоа на што треба да внимаваат при спроведување инспекција, на пример: на кои начини можат да постапат доколку имаат забелешка на записникот изготвен од инспекторот, доколку им се одземени предмети при спроведувањето на инспекцијата, доколку им е издадено барање за прекин со работењето итн. Воедно, учесниците на обуката ќе бидат запознаени и со правата и обврските и на инспекторите за да можат да ги препознаат случаите на нивно преминување и непочитување.

Агенда

Вовед и запознавање со учесниците

Општ преглед на Законот – клучни новини кои се однесуваат на компаниите

  • Основни начела на инспекцискиот надзор од значење за компаниите;
  • Пропорционалност на инспекцискиот надзор – преземање неопходни инспекциски мерки најповолни за компаниите;
  • Следење на работата на инспекциски служби;
  • Процена на ризик, нов начин на планирање на работата на инспекциските служби;
  • Обврски на инспекторот кои се одразуваат на работата и интегритетот на компаниите (обврска за чување на тајна, обврска за заштита на лични податоци).

Вршење инспекциски надзор

  • Видови инспекциски надзор: редовен инспекциски надзор (листа за проверка); вонреден инспекциски надзор (иницијатива за инспекциски надзор, налог за вршење на единичен и заеднички вонреден инспекциски надзор); контролен инспекциски надзор; заеднички инспекциски надзор;
  • Основни чекори во текот на вршењето на надзорот на кои треба да внимаваат компаниите врз кои се врши надзорот;
  • Права на компаниите;
  • Постапување на компанијата при добиено усно барање од инспекторот за доставување податоци, материјали или други документи кои се неопходни за извршување на надзорот;
  • Причини и основи за ставање забелешка на записникот за извршен инспекциски надзор;
  • Случаи во кои компанијата може да одбие да го потпише записникот и можни последици во случај на неосновано одбивање;
  • Под кои околности компанијата е должна да го прекине работењето при вршење инспекција (како се определува основот за прекин со работа);
  • Права на инспекторот при вршење на инспекциски надзор – обврски на компанијата.

Вршење инспекциски надзор

  • Посебни дејствија во инспекциската постапка: земање примерок; одземање предмети; привремена забрана за вршење дејност;
  • Претпоставка за согласност на субјектот за резултатите од добиената анализа на земениот примерок;
  • Права на компанијата во случај на одземање предмети или стока од страна на инспекторот;
  • Постапка и услови за изрекување опомена и решение по извршен инспекциски надзор;
  • Определување на реално направените трошоци на инспекцискиот надзор;
  • Глоби за компаниите.

Време и место на одржување на обуката: 17.12.2019 година, 10:00 – 15:00 часот, Центар за обуки „Академик“, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

„Академик“ слави јубилејни 10 години постоење и по тој повод во периодот од септември до декември 2019 година сите правни обуки ги добивате со 20% попуст за секој учесник.

Корисниците на „Академика“ добиваат посебна ексклузивна можност – за секој учесник пријавен по редовна цена, учество гратис (колку уплатени котизации, уште толку котизации гратис).

СПЕЦИЈАЛНИ РОДЕНДЕНСКИ ПАКЕТИ ЗА ОБУКИ

– со уплатени 3 котизации по редовна цена, добивате 3 месеци гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик

– со уплатени 5 котизации по редовна цена, добивате 6 месеци гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик

– со уплатени 7 котизации по редовна цена, добивате 1 година гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик.

*Вкупниот број уплатени котизации може да се искористи за повеќе различни обуки.

Редовната цена за учество за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и закуска за време на паузите.

Сите заинтересирани може да се пријават за обуката преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката и за сите други можности и поволности по повод јубилејот може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3122 308.

10 години Академик