/ Прочитано:

2.243

АКАДЕМИК ОБУКА: Новиот Закон за инспекциски надзор и приватниот сектор – права и обврски на компаниите

На 5 ноември  2019 година (вторник) Академик ќе одржи обука на тема  „Новиот Закон за инспекциски надзор и приватниот сектор – права и обврски на компаниите“. Предавач на обуката ќе биде Методија Димовски, член на Инспекцискиот совет.

На 30 мај 2019 година стапи во сила новиот Закон за инспекциски надзор. Превентивната улога на инспекцискиот надзор е една од главните новини во Законот. Имено, пред да им биде изречена казна на компаниите за неправилноста констатирана со надзорот, тие ќе добијат опомена од инспекторот и рок да ја отстранат неправилноста. Дополнително, преку примена на начелото на пропорционалност инспекторот е должен да презема инспекциски мерки кои се неопходни за отстранување на неправилностите и кои истовремено ќе бидат и најповолни за субјектот на надзорот.

На обуката во организација на Академик компаниите конкретно ќе се запознаат со нивните права и обврски при вршење инспекциски надзор. Учесниците на обуката ќе стекнат конкретни знаења за тоа на што треба да внимаваат при спроведување инспекција, на пример: на кои начини можат да постапат доколку имаат забелешка на записникот изготвен од инспекторот, доколку им се одземени предмети при спроведувањето на инспекцијата, доколку им е издадено барање за прекин со работењето итн. Воедно, учесниците на обуката ќе бидат запознаени и со правата и обврските и на инспекторите за да можат да ги препознаат случаите на нивно преминување и непочитување.

Агенда:

Вовед и запознавање со учесниците

Општ преглед на Законот – клучни новини кои се однесуваат на компаниите

  • Основни начела на инспекцискиот надзор од значење за компаниите;
  • Пропорционалност на инспекцискиот надзор – преземање неопходни инспекциски мерки најповолни за компаниите;
  • Следење на работата на инспекциски служби;
  • Процена на ризик, нов начин на планирање на работата на инспекциските служби;
  • Обврски на инспекторот кои се одразуваат на работата и интегритетот на компаниите (обврска за чување на тајна, обврска за заштита на лични податоци).

Вршење инспекциски надзор

  • Видови инспекциски надзор: редовен инспекциски надзор (листа за проверка); вонреден инспекциски надзор (иницијатива за инспекциски надзор, налог за вршење на единичен и заеднички вонреден инспекциски надзор); контролен инспекциски надзор; заеднички инспекциски надзор;
  • Основни чекори во текот на вршењето на надзорот на кои треба да внимаваат компаниите врз кои се врши надзорот ;
  • Права на компаниите;
  • Постапување на компанијата при добиено усно барање од инспекторот за доставување податоци, материјали или други документи кои се неопходни за извршување на надзорот;
  • Причини и основи за ставање забелешка на записникот за извршен инспекциски надзор;
  • Случаи во кои компанијата може да одбие да го потпише записникот и можни последици во случај на неосновано одбивање;
  • Под кои околности компанијата е должна да го прекине работењето при вршење инспекција (како се определува основот за прекин со работа);
  • Права на инспекторот при вршење на инспекциски надзор – обврски на компанијата.

Вршење инспекциски надзор

  • Посебни дејствија во инспекциската постапка: земање примерок; одземање предмети; привремена забрана за вршење дејност;
  • Претпоставка за согласност на субјектот за резултатите од добиената анализа на земениот примерок;
  • Права на компанијата во случај на одземање предмети или стока од страна на инспекторот;
  • Постапка и услови за изрекување опомена и решение по извршен инспекциски надзор;
  • Определување на реално направените трошоци на инспекцискиот надзор;
  • Глоби за компаниите.

Прашања, одговори, дискусија со примери од практиката

„Академик“ слави јубилејни 10 години постоење и по тој повод во периодот од септември до декември 2019 година сите правни обуки ги добивате со 20% попуст за секој учесник.

Корисниците на „Академика“ добиваат посебна ексклузивна можност – за секој учесник пријавен по редовна цена, учество гратис (колку уплатени котизации, уште толку котизации гратис).

Време и место на одржување на обуката: 5.11.2019 година, 10:00 – 15:00 часот, Центар за обуки „Академик“, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

СПЕЦИЈАЛНИ РОДЕНДЕНСКИ ПАКЕТИ ЗА ОБУКИ

– со уплатени 3 котизации по редовна цена, добивате 3 месеци гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик

– со уплатени 5 котизации по редовна цена, добивате 6 месеци гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик

– со уплатени 7 котизации по редовна цена, добивате 1 година гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик.

*Вкупниот број уплатени котизации може да се искористи за повеќе различни обуки.

Редовната цена за учество за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и закуска за време на паузите.

Сите заинтересирани може да се пријават за обуката преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката и за сите други можности и поволности по повод јубилејот може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3122 308.

10 години Академик