/ Прочитано:

1.041

АКАДЕМИК ОБУКА: Новиот Закон за јавните набавки и 11-те нови подзаконски акти


На 8.10.2019 година (вторник) Академик ќе одржи обука на тема „СПРОВЕДУВАЊЕ ПОСТАПКИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ВО СОГЛАСНОСТ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ И ПОДЗАКОНСКИТЕ АКТИ“. На обуката предавач ќе биде Кирил Каранфилов, претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки и долгогодишен експерт од областа на јавните набавки.

Обуката е наменета за претставници од сите договорни органи и економски оператори, за лица на управувачки и раководни позиции, за членови на комисии за јавни набавки, за одговорни лица и за вработени во организационата единица за јавни набавки.

На 1 април 2019 година започна со примена новиот Закон за јавните набавки. По неговото донесување следуваше донесувањето и на 11 подзаконски акти со кои детално се регулираа начинот и постапката за спроведување на набавките и беа обработени одделни одредби од Законот.

Академик постојано ги следи актуелностите и во областа на јавните набавки и навремено конципираше обука наменета и за договорните органи и за економските оператори.

Обуката се остварува врз основа на сеопфатна, а во исто време конкретна и јасна агенда, преку која ќе се обработат важни елементи и новини на системот за јавни набавки, и тоа:

– клучни измени во поглед на критериумите за доделување договори за јавни набавки,

– посебен систем за е-пазар за набавки од мала вредност,

– нови постапки за јавни набавки,

– понуда во форма на електронски каталог и

– многу други досега неприменети правни институти, со кои започнува целосна реформа во системот на јавните набавки.

Агенда:

  • Новини предвидени во Законот за јавните набавки
  • Начела на кои се темелат јавните набавки;
  • Новини кај исклучоците од примена на Законот;
  • Резервирани договори – услови за резервирање, докажување на нивната исполнетост и можни негативни последици од нивната примена;
  • Утврдување на способност;
  • Критериуми за избор на најповолна понуда;
  • Извршување на договор.
  • Постапки за доделување договори за јавни набавки во согласност со Законот и жалбена постапка
  • Видови постапки во согласност со Законот;
  • Нови вредносни прагови за спроведување на постапките;
  • Претходна контрола на тендерска документација;
  • Посебна постапка за набавка од мала вредност;
  • Нова поедноставена отворена постапка;
  • Конкурентна постапка со преговарање – случаи во кои може да се користи и начин на спроведување;
  • Дистинкција помеѓу условите за спроведување на конкурентна постапка со преговарање и конкурентен дијалог;
  • Задолжително мислење од Бирото за јавни набавки за користење постапка со преговарање без објавување на оглас;
  • Партнерство за иновации;
  • Воведување динамичен систем за набавки – начин, услови и постапка за негова примена;
  • Можности и ограничувања на новиот систем за е-пазар на набавки од мала вредност;
  • Е-план за јавни набавки;
  • Воведување и имплементација на е-жалба.
  • Уредување на постапките за јавни набавки во согласност со новодонесените 11 подзаконски акти
  • Правилник за формата и содржината на барањето на мислење за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас;
  • Правилник за начинот на користење на електронски систем за јавни набавки;
  • Правилник за програмата за едукација, планирањето, начинот на спроведување на едукацијата и испитот, начинот на издавање и продолжување на важноста на потврдата за положен испит за лице за јавни набавки;
  • Правилник за формата, содржината, како и начинот на изготвување на годишниот план за јавни набавки;
  • Правилник за начинот на избор на постапките за јавни набавки кои ќе бидат предмет на управна контрола, како и за начинот на вршење управна контрола;
  • Правилник за видовите на посебни услуги кои се предмет на договорите за јавни набавки на услуги;
  • Правилник за начинот на водење евиденција на постапките за јавни набавки, како и содржината на евидентната книга;
  • Тарифник за висината на надоместоците за користење на електронскиот систем за јавни набавки;
  • Правилник за содржината на записникот од извршената управна контрола.
  • Прашања, одговори и дискусија

Време и место на одржување на обуката: 8.10.2019 година, вторник, 10:00 – 15:00 часот, Центар за обуки Академик, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

Академик слави јубилејни 10 години постоење и по тој повод во периодот од септември до декември 2019 година сите правни обуки ги добивате со 20% попуст за секој учесник.

Корисниците на Академика добиваат посебна ексклузивна можност – за секој учесник пријавен по редовна цена учество гратис (колку уплатени котизации, уште толку котизации гратис).

Редовната цена за учество за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и закуска за време на паузите.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката и за сите останати можности и поволности по повод јубилејот може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3122 308.

10 години Академик