/ Прочитано:

1.944

АКАДЕМИК ОБУКА: Новиoт Закон за управни спорови – најзначајната реформа на управносудскиот систем

Новиот Закон за управни спорови стапи во сила. Дел од новините во Законот се: поголема ефикасност на управниот спор, намалување на должината на управносудската постапка, усогласување на Законот за управни спорови со Законот за општата управна постапка, мериторно одлучување на Управниот суд, обезбедување на извршност на одлуките на Управниот суд, воведување „модел одлука“ и „модел постапка“.

Со Законот детално се уредува постапката пред Управниот суд и пред второстепениот суд, се предвидува задолжителност на јавна расправа во постапката и се дефинираат начелата врз кои се води постапката.

На 18.6.2019 година (вторник) Академик ќе одржи обука за новиот Закон за управни спорови, на која предавач ќе биде Каролина Стојановска-Богдановска, виш управен инспектор во Државниот управен инспекторат.

Агенда

Најзначајни новини во Законот за управни спорови

  • Најзначајни новини предвидени во Законот;
  • Усогласување со Законот за општата управна постапка;
  • Начела врз кои се темели новиот Закон за управни спорови;
  • Ефикасност во водењето на постапката;
  • Задолжителна јавна расправа во постапката, со строго дефинирање на исклучоците;
  • Воведување „модел одлука“ и „модел постапка“.

Тек на постапката за водење управен спор во согласност со Законот

  • Поведување управен спор;
  • Надлежност на Управниот суд за одлучување по тужбено барање;
  • Постапување во случај на донесување на друг управен акт од страна на јавниот орган;
  • Одлучување во врска со претходно прашање;
  • Можност за поднесување предлог за враќање во поранешна состојба;
  • Водење и тек на расправа.

Донесување одлуки во судските постапки, правни лекови и систем на извршување на пресудите

  • Донесување пресуда во спор на полна јурисдикција;
  • Постапување на Судот при усвојување на тужбено барање;
  • Можност за склучување судско порамнување;
  • Постапка по жалба пред второстепениот суд;
  • Дозволени вонредни правни лекови;
  • Услови за повторување на постапката;
  • Нов систем на извршување на пресудите.

Време и место на одржување на обуката: 18.6.2019 година, 10:00 – 16:00 часот, Центар за обуки Академик, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуката преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.