/ Прочитано:

2.598

АКАДЕМИК ОБУКА: Новиот Закон за заштита на личните податоци

На 19 март Академик ќе одржи еднодневна обука на тема „Новиот Закон за заштита на личните податоци“. Предавач на обуката ќе биде Ангел Наковски, долгогодишен експерт од областа на заштитата на личните податоци.

На 24 февруари 2020 година влезе во сила новиот Закон за заштита на личните податоци. Со законот се донесени повеќе значајни решенија кои се однесуваат на начелото на отчетност и одговорност при обработката на податоците; потоа опфатени се  дополнителните обврски за контролорите, односно обработувачите; воведен е контролен механизам на органите за заштита на личните податоци; пропишани се неопходните ресурси за ефективно извршување на функциите и овластувањата на обработувачите, како и други одредби и законски мерки кои директно ќе се одразат во областа на заштитата на личните податоци.

На ден 19.3.2020 година, Академик организира еднодневна обука, на која преку детална разработка и анализа на пропишаните законски решенија учесниците навремено ќе се подготват за правилна примена на законот и за обезбедување безбедност и заштита на личните податоци.

Агенда:

НОВА ЗАКОНСКА РАМКА

  • Нови дефиниции и поими воведени во законот;
  • Нов статус на надзорниот орган – Агенцијата за заштита на личните податоци, како спроведувач на контролен механизам – значење, функции и надлежности;
  • Препознавање на клучни разлики и новини во новиот Закон за заштита на личните податоци (ЛП);
  • Нови обврски за обработувачите на ЛП за обезбедување заштита на обработката на ЛП;
  • Неопходни мерки кои треба да ги преземат контролорите/обработувачите за навремена подготовка за имплементација на одредбите со одложна примена;
  • Начело на отчетност и одговорност при обработката на ЛП на секое ниво на обработувачи – значење, активности и мерки за примена на начелото;
  • Неопходни ресурси за правилно вршење на обврските и овластувањата за соодветна заштита на ЛП;
  • Кодекси на однесување и нивен мониторинг – што треба да содржат и кој го врши мониторингот.

ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

  • Начела за обработка на личните податоци;
  • Строго конкретизирање на условите за законитост на обработката на ЛП;
  • Опфат на должноста на обработувачот на ЛП за транспарентност во работењето;
  • Обврска на обработувачите на ЛП да докажат дека прибавиле согласност од субјектот на ЛП за нивна обработка;
  • Заеднички контролори;
  • Права на субјектот на лични податоци – обврски на контролорот;
  • Начин за остварување на техничка и интегрирана заштита на ЛП;
  • Улога и надлежности на офицерот за заштита на ЛП во согласност со новиот закон;
  • Евиденција на активности за обработка – проширен обем на податоци кои треба да бидат содржани и  начин на нејзино водење.

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ТАЈНОСТ И ЗАШТИТА НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

  • Обезбедување безбедност на ЛП како континуиран процес;
  • Известување на Агенцијата за заштита на личните податоци за нарушување на безбедноста;
  • Ограничување на обработката на личните податоци;
  • Услови за остварување на правото „да се биде заборавен“;
  • Заштитни мерки при пренос на ЛП;
  • Категории на посебни операции на обработка на ЛП;
  • Спроведување супервизија како обврска на контролорот и обработувачот на ЛП;
  • Можни повреди на законот преку преглед на прекршочните одредби и образложени реални примери од практиката на ниво на ЕУ.

ПРАШАЊА, ОДГОВОРИ И ДИСКУСИЈА

Време и место на одржување на обуката: 19.3.2020 година, 10:00 – 15:00 часот, Центар за обуки „Академик“, ул. „Рајко Жинзифов“ бр. 50, Скопје.

 На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk  имаат 10% попуст.

За пријавени тројца или повеќе учесници од ист правен субјект следува дополнителен попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3122 308.