/ Прочитано:

6.119

АКАДЕМИК ОБУКА: ОТВОРЕНИ ПРАШАЊА ВО ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОПШТАТА УПРАВНА ПОСТАПКА ОД АСПЕКТ НА ВТОРОСТЕПЕНАТА ПОСТАПКА

На 21.9.2022 година (среда), од 10:00 до 13:00 часот, Академик ќе одржи обука со физичко присуство на тема: „Отворени прашања во примената на Законот за општата управна постапка од аспект на второстепената постапка“.

На оваа обука преку практични примери ќе се даде осврт на дилемите кои најчесто се појавуваат при спроведувањето на управната постапка по изјавен правен лек или по изјавено вонредно правно средство.

Целта на обуката е да се дадат насоки за правилно спроведување на постапката и донесување на правилен и законит управен акт.

На обуката ќе бидат разработени и постапувањето по жалба при молчење на управата, спецификите на повторувањето на постапката како правно средство, управниот приговор како редовен правен лек, како и вонредните правни средства утврдени со ЗОУП.

Напомена: обуката ќе се одржи со физичко присуство на учесниците во просториите на АКАДЕМИК ДООЕЛ Скопје, на ул. „Рајко Жинзифов“ бр. 50, Скопје, а бројот на учесници ќе биде ограничен.

Предавач на обуката ќе биде Ирена Брзанова – член на работната група за подготовка на Законот за општата управна постапка, со долгогодишно искуство во областа на управната постапка, со одржани голем број обуки и предавања на оваа тема.

АГЕНДА

  • Правен лек во управната постапка – можност на странката за остварување на своето право
  • Жалба во случај на молчење на управата
  • Постапување на првостепениот орган по изјавена жалба – задолжителна обврска или не?
  • Постапување на второстепениот орган – управниот акт како предмет на оцена
  • Мериторното одлучување како обврска на второстепениот орган
  • Повторување на постапката – причини, рок и правни последици
  • Управниот приговор како редовен правен лек
  • Специфичности на вонредните случаи на укинување и поништување на управни акти
  • Менување и поништување на управен акт во врска со управен спор
  • Укинување и менување на правосилен управен акт со согласност или по барање на странката
  • Вонредно укинување
  • Огласување на управен акт за ништовен
  • Прашања и дискусија

 

Цената за учество за едно лице е 4.200 денари со вклучен ДДВ.

Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 20.09.2022 година (вторник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

  • +389 02 3221 091 и
  • +389 02 3122 308.

Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта и телефонскиот број на учесникот за контакт.

Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.