/ Прочитано:

1.432

АКАДЕМИК ОБУКА: Практична примена на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола – најчести грешки и пропусти во практиката

На 21.11.2018 година (среда) Академик ќе одржи обука на тема:  Практична примена на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола – Најчести грешки и пропусти при примената на Законот и состојби кои се констатирани кај единиците на локалната самоуправа, кај АД во државна сопственост, кај јавните претпријатија и јавните установи.

Предавачи на обуката ќе бидат  Сашо Матески – ревизор при Државниот завод за ревизија и  Јадранка Бошкоска – советник на главниот државен ревиозор.

Обуката е наменета за претставници од сите субјекти од јавниот сектор кои се корисници на средства од Буџетот на Република Македонија, фондови, единиците на локалната самоуправа, агенции и други институции основани со закон, јавни претпријатија, јавни установи, АД во државна сопственост и други правни лица кои се во државна сопственост или во кои државата е акционер.

Сите субјекти од јавниот сектор имаат задолжителна обврска за примена и спроведување на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, во согласност со кој неопходно е секој субјект да воспостави систем на контрола кој ќе овозможува стабилно финансиско управување со јавните средства.

АГЕНДА

ОПФАТОТ НА ЈАВНАТА ВНАТРЕШНА ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА (поим, правна рамка, концепт и компоненти)

  • Опфат и цели на Законот;
  • Што е разумно уверување и како се определува задоволително ниво на доверба за определено прашање – примери од практиката;
  • Компоненти на внатрешната контрола;
  • Практични примери од специфични ситуации констатирани од страна на Државниот завод за ревизија.

УЛОГАТА НА ВНАТРЕШНАТА И НАДВОРЕШНАТА РЕВИЗИЈА ВО ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА СИСТЕМОТ НА ЈАВНАТА ВНАТРЕШНА ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА

  • Опфат и организација на внатрешната ревизија – што во случај доколку постојат објективни причини поради кои не може да биде формирано тоа тело;
  • Видови внатрешна ревизија;
  • Разграничување на одговорностите – финансиски контролор, лице овластено за преземање финансиски обврски, организациона единица за финансиски прашања и единица за внатрешна ревизија;
  • Управување со ризици и потреба за вршење на систематска анализа;
  • Ex-ante и Ex-post финансиска контрола – начини за нивно спроведување, спречување судири на интереси и меѓусебна поврзаност и зависност на контролите.

ПОСЕБНИ ПРОЦЕНИ ОД НАДВОРЕШНАТА РЕВИЗИЈА НИЗ ПРИМЕРИ ОД ПРАКТИКАТА

  • Структура на ревизорските извештаи – осврт на начинот на спроведување на внатрешната контрола како механизам за дефинирање на идни чекори за внатрешна контрола;
  • Најчести грешки и пропусти при примената на Законот – специфики за различни субјекти задолжени за примена;
  • Интерактивни вежби со учесниците на обуката за препознавање и преглед на примената на Законот во субјектот каде што работат.

Време и место на одржување на обуката: 21.11.2018 година, 10:00 – 15:00 часот, Центар за обуки Академик, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуката преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.