/ Прочитано:

1.459

АКАДЕМИК ОБУКА: Практична примена на Законот за субвенционирање на социјалните придонеси поради зголемување на плата

На 23.12.2019 година (понеделник) Академик ќе одржи обука на тема „Практична примена на Законот за субвенционирање на социјалните придонеси поради зголемување на плата“.

Предавачи на обуката ќе бидат Мирјанка Алексевска, раководител на Секторот за политики од областа на трудовото право и политики за вработување во Министерството за труд и социјална политика, и  Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи на Република Северна Македонија.

На 19.11.2019 година влезе во сила новиот Закон за субвенционирање на социјалните придонеси поради зголемување на плата, кој е со ретроактивна примена од 1.11.2019 година.

Со Законот се дефинирани условите што мора да ги исполни обврзникот за да оствари право на субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата, понатаму пропишани се видовите придонеси, утврдени се начинот за определување референтен период и начинот на пресметување на референтната основна плата, а целта на овие законски решенија е поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата со повисок износ.

На обуката во организација на Академик ќе бидат разјаснети правилата и пресметките за субвенционирање на социјалните придонеси поради зголемување на плата. Во рамки на обуката ќе бидат спроведени и практични вежби и примери на пресметки со обработка и анализа и на новиот Правилник за начинот на пресметката на износот за субвенционирање и постапка за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ зголемување на плата.

Агенда

Правила и пресметки за субвенционирање на социјалните придонеси поради зголемување на плата

  • Услови што мора да ги исполни обврзникот за да оствари право на субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата;
  • Утврдување на референтен период;
  • Случаи на исклучување на некои од последователните месеци од календарскиот референтен период;
  • Начин на пресметување на референтна основна плата – исклучување на исплатените надоместоци од платата;
  • Определување на зголемувањето на платата за целите на субвенционирање на придонесите;
  • Динамика на спроведување на зголемувањето;
  • Работодавачи кои се исклучени од можноста за користење на правото на субвенционирање;
  • Можности  и начини за постапување на работодавачот кој нема да добие одобрение за субвенционирање на придонесите;
  • Правни последици за обврзникот по истекот на периодот на субвенционирање;
  • Вредносни прагови на зголемена нето-плата за користење на субвенционирањето.

Начин на пресметка на износот за субвенционирање и постапка за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ зголемување на плата

  • Правилник за начинот на пресметката на износот за субвенционирање и постапка за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ зголемување на плата;
  • Поднесување на Месечна пресметка за интегрирана наплата до Управата за јавни приходи;
  • Пресметка на износот за субвенционирање;
  • Практични вежби и примери на пресметки.

Прашања, одговори и дискусија 

Време и место на одржување на обуката: 23.12.2019 година, 10:00 – 14:30 часот, Центар за обуки „Академик“, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

Академик слави јубилејни 10 години постоење и по тој повод до крајот на 2019 година сите правни обуки ги добивате со 20% попуст за секој учесник.

Корисниците на „Академика“ добиваат посебна ексклузивна можност – за секој учесник пријавен по редовна цена учество гратис (колку уплатени котизации, уште толку котизации гратис).

СПЕЦИЈАЛНИ РОДЕНДЕНСКИ ПАКЕТИ ЗА ОБУКИ

– со уплатени 3 котизации по редовна цена, добивате 3 месеци гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик;

– со уплатени 5 котизации по редовна цена, добивате 6 месеци гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик;

– со уплатени 7 котизации по редовна цена, добивате 1 година гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик.

*вкупниот број уплатени котизации може да се искористи за повеќе различни обуки.

Редовната цена за учество за едно лице е 3.600,00 денари + ДДВ.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и закуска за време на паузите.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и закуска за време на паузите.

Сите заинтересирани може да се пријават за обуката преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката и за сите други можности и поволности по повод јубилејот може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3122 308.

10 години Академик