/ Прочитано:

1.620

АКАДЕМИК ОБУКА: Практична примена на Законот за заштита на укажувачи – сите аспекти на работното право и посебна заштита на определени категории вработени

На оваа обука ќе се дискутира за сите спорни прашања поврзани со новодонесениот Закон за заштита на укажувачи, кои ќе им бидат од корист на сите страни што се директно засегнати од примената на Законот.

akad 1

На 10.5.2016 год., со почеток во 10:00 часот, во хотелот „Квинс“ – ТЦ „Зебра“, Академик ќе одржи обука на тема „Практична примена на Законот за заштита на укажувачи – сите аспекти на работното право и посебна заштита на определени категории вработени“.

На оваа обука ќе се дискутира за сите спорни прашања поврзани со новодонесениот Закон за заштита на укажувачи, кои ќе им бидат од корист на сите страни што се директно засегнати од примената на Законот.

Дел од темите за кои ќе стане збор се:

  • начинот на кој треба да бидат формирани документите со кои ќе се регулира заштитата на укажувачите;
  • интерните процедури кои ги предвидува Законот, како и начинот на кој ќе се определува кое лице ќе може да се јави како овластено лице за прием на пријави;
  • дефинирање и заштита на укажувачите;
  • практичен пример за изработка на правилници;
  • заштитени категории на вработени според Законот за работни односи.

Предавачи на оваа обука ќе бидат Георги Димитров, управувачки партнер на Адвокатското друштво „Георги Димитров адвокати“ и Бојана Велковска, судија од Основниот суд Скопје II Скопје.

1 newsleter укажувачи мај 2016