/ Прочитано:

1.381

АКАДЕМИК ОБУКА: Практичниот аспект на имплементацијата на измените и дополнувањата на Законот за парничната постапка

Предавачите на оваа обука проф. д-р Кирил Чавдар, судија во пензија и автор на „Коментар на Законот за парничната постапка“ и Антоанета Димовска, судија во Основниот суд Скопје 2 – Скопје, ќе се обидат да придонесат за отстранување на пречките во спроведувањето и решавањето на парничните предмети во судовите.

akad 2

Практичниот аспект на имплементацијата на измените и дополнувањата на Законот за парничната постапка ќе биде во фокусот на најновата обука на Академик, закажана за 25 април 2016 год., во хотелот „Солун“ во Скопје, со почеток од 10:00 часот.

Преку конкретни чекори, интерактивни дискусии и размислувања во поглед на:

  • најновите измени и дополнувања на Законот за парничната постапка;
  • ставањето акцент на стопанските спорови и доказната постапка;
  • анализа на Коментарот на Законот за парничната постапка од 2016 год.,

предавачите на оваа обука проф. д-р Кирил Чавдар, судија во пензија и автор на „Коментар на Законот за парничната постапка“ и Антоанета Димовска, судија во Основниот суд Скопје 2 – Скопје, ќе се обидат да придонесат за отстранување на пречките во спроведувањето и решавањето на парничните предмети во судовите.

newsleter ЗПП април 2016 1