/ Прочитано:

1.761

АКАДЕМИК ОБУКА: Правилно и законско користење и располагање со ствари во државна и во општинска сопственост – нови законски измени и дополнувања

На 19 септември „Академик“ ќе одржи обука на тема „Правилно и законско користење и располагање со ствари во државна и во општинска сопственост – нови законски измени и дополнувања“. Предавач на обуката ќе биде Сашо Матески.

Обуката е наменета за претставници од сите државни органи, општини, јавни установи, јавни претпријатија, независни регулаторни тела основани од државата, трговски друштва во целосна државна сопственост и други институции основани од државата.

На 22 мај 2019 година стапи во сила новиот Закон за измени и дополнувања на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост.

Со Законот јасно е дефиниран и прецизиран поимот „ствари во државна сопственост“, направени се битни измени во постапките, а воведени се и целосно нови начини за располагање со стварите.

Со оглед на тоа што секоја постапка за купување и за продажба на ствари во државна и во општинска сопственост, за давање под закуп, за давање на користење, или пак за отстранување на уништени и дотраени ствари е предмет на секоја ревизија за регуларност во работењето и подлежи на сериозни казнени одредби во согласност со Законот, навремено подгответе се за правилна примена на најновите измени и дополнувања на Законот.

На 19.9.2019 година „Академик“ организира еднодневна обука која ќе понуди одговори на многу прашања кои се од огромно значење и важност при користењето и располагањето со стварите во државна и општинска сопственост, меѓу кои:

  • Кои се клучните измени во Законот кои директно влијаат врз начинот на користење и располагање со стварите во државна и во општинска сопственост;
  • Кој е вредносниот праг за примена на Законот;
  • Во кои случаи средствата остварени од продажбата, размената, закупот или давањето на користење на стварите во државна сопственост се приход на правните лица основани од државата, а не во Буџетот на РМ;
  • Дали и како може да се набави недвижна ствар преку непосредна спогодба;
  • Што предвидува новата постапка за давање под закуп на движни ствари;
  • Дали може да се продаде или да се даде на користење ствар во државна сопственост со непосредна спогодба;
  • Што мора задолжително да следува по спроведените годишни пописи;
  • Која е законската процедура за постапување со отпад и негово отстранување;
  • Кои се единствените начини за отпис на стварите од сметководствената евиденција.

Агенда

Користење и располагање со ствари во државна и во општинска сопственост – измени во правната регулатива

  • Клучни измени во Законот кои директно влијаат врз начинот на користење и располагање со стварите во државна и во општинска сопственост;
  • Јасно прецизирање на опфатот и значењето на поимот „ствари во државна сопственост“;
  • Улога, состав, надлежности и одговорности на Комисијата за недвижни и движни ствари;
  • Разлика помеѓу времено и трајно користење на стварите;
  • Примена на Законот за процена;
  • Случаи во кои средствата остварени од продажбата, размената, закупот или давањето на користење на стварите во државна сопственост се приход на правните лица основани од државата, а не во Буџетот на РМ.

Клучни разлики во постапките за набавка, продажба и давање под закуп на стварите во државна и општинска сопственост

  • Непосредна спогодба како нов начин за набавка на недвижни ствари;
  • Задолжителни елементи и овластен подносител на предлогот за набавка на недвижна ствар со непосредна спогодба;
  • Постапување од страна на државниот орган по добиена согласност за набавка на недвижна ствар преку непосредна спогодба;
  • Во кои случаи стварта може да се продаде преку непосредна спогодба;
  • Новововедена постапка за давање под закуп на движни ствари – начин и услови за нејзино спроведување;
  • Специфики на постапката за давање под закуп и утврдување вредност на почетна цена;
  • Обврска за процена и определување на почетна цена;
  • Елементи  и примена на системот за електронско јавно наддавање;
  • Избор на најповолен понудувач.

Услови, начин и постапка за престанок и давање на користење на стварите и давање на движни ствари на отпад

  • Кој може да се јави како корисник на недвижни и движни ствари во државна или во општинска сопственост;
  • Постапка за давање на користење и склучување договор;
  • Врз кого може да биде пренесено правото на сопственост на движните ствари и дали постојат исклучоци;
  • Единствен дозволен начин на постапување со дотраени, застарени или неупотребливи ствари;
  • Прашања, одговори и дискусија.

„Академик“ слави јубилејни 10 години постоење и по тој повод во периодот од септември до декември 2019 година сите правни обуки ги добивате со 20% попуст за секој учесник.

Корисниците на „Академика“ добиваат посебна ексклузивна можност – за секој учесник пријавен по редовна цена, учество гратис (колку уплатени котизации, уште толку котизации гратис).

СПЕЦИЈАЛНИ РОДЕНДЕНСКИ ПАКЕТИ ЗА ОБУКИ

– со уплатени 3 котизации по редовна цена, добивате 3 месеци гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик

– со уплатени 5 котизации по редовна цена, добивате 6 месеци гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик

 – со уплатени 7 котизации по редовна цена, добивате 1 година гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик

*вкупниот број уплатени котизации може да се искористи за повеќе различни обуки.

Редовната цена за учество за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и закуска за време на паузите.

Сите заинтересирани може да се пријават за обуката преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката и за сите други можности и поволности по повод јубилејот може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3122 308.

10 години Академик