АКАДЕМИК ОБУКА: Правни решенија и практики за обезбедување заштита и безбедност на класифицираните информации
На 27 септември 2018 година (четврток), Академик организира еднодневна обука на тема „Правни решенија и практики за обезбедување заштита и безбедност на класифицираните информации“. Предавач на обуката ќе биде д-р Стојан Славески, директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Обуката ќе се одржи во Центарот за обуки Академик, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.
Обуката е наменета за сите создавачи, иматели и корисници на класифицирани информации, лица и органи кои определуваат степени на класификација на информациите, правни и физички лица кои вршат декласификација или промени на степенот на класификација, лица кои поседуваат безбедносен сертификат или дозвола за пристап до класифицирани информации, како и сите овластени лица за распространување на класифицираните информации.
Секое правно и физичко лице кое на каков било начин има пристап до информација со определен степен на класификација задолжително и во целост мора да ги познава и да ги применува мерките и активностите за заштита на класифицираните информации и да биде темелно запознаен со опасностите од оддавање на информациите на лица со неовластен пристап.
Обуката што ја организира Академик на 27.9.2018 има цел да ги запознае учесниците со правните решенија и со практиките за обезбедување заштита и безбедност на класифицираните информации и на тој начин да придонесе за намалување на ризиците, за детектирање и за спречување неовластен пристап до нив, како и за процена на ранливоста и можното нарушување на безбедноста на класифицираните информации.
Агенда:
КЛАСИФИКАЦИЈА НА ИНФОРМАЦИИ
Степени на класификација – видови, опфат и значење;
Определување на видот на интересот што се заштитува со информацијата;
Органи кои го определуваат видот и степенот на класификација на информациите;
Начин на класификација на информациите;
Постапка и услови за рекласификација и декласификација.
МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА КЛАСИФИЦИРАНИТЕ ИНФОРМАЦИИ
Критериуми за утврдување мерки за заштита на класифицираните информации;
Видови мерки и активности кои се преземаат за заштита на информациите;
Разработка на реални случаи и можни проблеми при преземање на различни мерки и активности за заштита на информациите;
Што опфаќа принципот „потребно е да знае“;
Постапка за издавање на безбедносни сертификати;
Времетраење и престанок на важењето на безбедносниот сертификат.
ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВРЗ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ПРОПИСИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА КЛАСИФИЦИРАНИТЕ ИНФОРМАЦИИ
Степен и обем на дозволен пристап на инспекторите до класифицираните информации со кои располагаат субјектите;
Најчести дилеми и грешки при постапувањето на субјектите во заштита на информациите;
Запечатување на објект и просторија – кога, на кој начин и во кои случаи;
Овластувања на инспекторот за изрекување наредба за преземање мерки;
Разработка на реални случаи и примери од праксата.
Сите заинтересирани за обуката можат да се пријават преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.