АКАДЕМИК ОБУКА: Предуслови за ефективна и ефикасна примена на новиот Закон за општа управна постапка

Вторник, 3 ноември 2015 – На 13 ноември, петок, со почеток во 10.00 часот во конференцискиот центар на хотелот „Квинс“ – Трговски центар „Зебра“, Академик ќе одржи обука на тема: Предуслови за ефективна и ефикасна примена на новиот Закон за општа управна постапка со фокус на електронското поврзување на субјектите и очекуваните измени во други закони.

Предавачите на обуката ќе бидат претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, Ирена Брзанова, Дарко Јанев, консултант за е-влада од Друштвото за консултантски услуги „АЦТ“ – ДОО Скопје, како и член на работната група за изготвување на Законот за општа управна постапка од Министерството за информатичко општество и администрација.

Во првиот првиот блок од обуката, предавачите ќе се осврнат на промените содржани во новиот Закон за општа управна постапка со кои се очекува да се надминат актуелните проблеми во практиката. 

Во вториот блок, пак, ќе бидат образложени предусловите за ефективно и ефикасно водење на управните постапки со посебен фокус на нивното времетраење, обезбедување на потребните докази/документи од странките и тек на жалбената постапка.

Насоките за очекуваните промени во други закони заради усогласување со новиот Закон за општа управна постапка и електронската комуникација меѓу државните органи, странките наспроти државните органи и обратно како клучен и најважен предуслов за ефективна и ефикасна примена на новиот Закон за општа управна постапка, се теми кои ќе бидат разработени во третиот блок. 

Во рамки на еднодневната обука, покрај излагањата на предавачите, доволно време е предвидено и за дискусија преку која ќе се разменат искуства и ќе се одговори на прашањата што предизвикуваат дилеми и проблеми во практиката.

Пријавувањето за учество на обуката трае до 11.11.2015 на е-пошта: practicum@akademik.com.mk или на тел.: 02/3 232-821 и 02/3 237-465.