/ Прочитано:

1.507

АКАДЕМИК ОБУКА: Примена на измените на Законот за парнична постапка

Во фокусот на обуката ќе бидат крупните измени на Законот за парнична постапка кои се однесуваат на стопанските спорови и на доказната постапка од 2015 година, а ќе стане збор и за измените на Законот за парнична постапка од 2010 година.

akad 2

На 19.02.2016 година (петок) во хотел „Queen’s“ Т.Ц. Зебра, Скопје со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи практична обука на тема: Примена на измените на Законот за парнична постапка.

Во фокусот на обуката ќе бидат крупните измени на Законот за парнична постапка кои се однесуваат на стопанските спорови и на доказната постапка од 2015 година, а ќе стане збор и за измените на Законот за парнична постапка од 2010 година. Обуката ќе се реализира преку практични примери, прашања, одговори и дискусии со предавачите:

проф.д-р Кирил Чавдар, судија во пензија и автор на „Коментар на Законот за парнична постапка” и

Антоанета Димовска, судија во Основен суд Скопје 2.

onuka 19 1

Заинтересираните за учество на обуката можат да се пријават најдоцна до 17.02.2016 година (среда) со регистрација на овој меил (practicum@akademik.com.mk) или на телефон 02/3232-821 или 02/3237-465.

Учесниците на обуките покрај освежувањето за време на паузите добиваат бесплатни материјали (материјалите ќе бидат доставени по електронски пат по завршување на обуката), сертификат за учество на обуката и -20% попуст за нарачка на кое било пишано издание издадено од Академик.