АКАДЕМИК ОБУКА: Примената на Законот за општата управна постапка во решавањето на управните работи и остварувањето на правата на странките во постапката
На 26.2.2019 година (вторник) Академик ќе одржи обука за примената на Законот за општата управна постапка во решавањето на управните работи и остварувањето на правата на странките во постапката, на која предавачи ќе бидат виши управни инспектори од Државниот управен инспекторат.
Обуката е наменета за претставници од сите органи на државната управа; за организации утврдени со закон; за установи, правни и физички лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и за претставници од единиците на локалната самоуправа.
Законот за општата управна постапка уредува обемна и комплексна материја, која при практичното применување отвора бројни прашања и дилеми. Управните органи во постапувањето по управните предмети се должни да ги почитуваат начелата на општата управна постапка и секогаш да бидат сервисно ориентирани кон странките во постапката.
Вака поставените темели за спроведување и примена на Законот неминовно создаваат различни правни ситуации во практиката, но и простор за дополнителна обработка и толкување на Законот.
Обуката во организација на Академик е со цел да понуди одговор на многу отворени теми и прашања кои произлегуваат од секојдневното применување на Законот дури и по 2 години од почетокот неговата примена.
Агенда:
Основи на Законот за општата управна постапка
- Основни начела;
- Значење и примена на начелата во практиката;
- Надлежност за постапување;
- Комуникација меѓу јавните органи и странките.
Управна постапка пред првостепениот орган
- Поведување на управна постапка;
- Изменување, дополнување и откажување на барањето за поведување управна постапка;
- Изведување докази по службена должност;
- Управен акт – форма, структура и задолжителни елементи;
- Рокови за издавање на управен акт;
- Решавање на претходно прашање.
Правни лекови во постапката
- Жалба – содржина и форма, рок за изјавување и предавање на жалбата;
- Постапување на првостепениот орган по жалбата;
- Постапување на второстепениот орган по жалбата;
- Мериторно одлучување на второстепениот орган;
- Доставување на решението по жалба;
- Повторување на постапката – причини и рок за повторувањето;
- Управен приговор како правен лек во постапката.
Време и место на одржување на обуката: 26.2.2019 година, 10:00 – 16:00 часот, Центар за обуки Академик, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.
На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.
Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.
Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуката преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.