/ Прочитано:

2.026

АКАДЕМИК ОБУКА: Првични искуства од примената на новиот Закон за општата управна постапка

На обуката, предмет на разработка ќе бидат и управната соработка, изведувањето на доказите по службена должност, како и анализата на целиот тек на жалбената постапка, од иницирањето, па сѐ до нејзиното завршување, а сето тоа гледано од аспект на новиот Закон за општата управна постапка.

Академик обука

Академик продолжува со организирањето на практичните обуки со обуката на тема: „Првични искуства од примената на новиот Закон за општата управна постапка“, која ќе се одржи на 29.9.2016 година, во хотелот „Солун“, со почеток во 10:00 часот.

Законот за општата управна постапка започна да се применува на 31.7.2016 година и се очекува дека ќе предизвика доста измени во работењето на сите субјекти кои се должни да го применуваат. Поради тоа, на обуката на Академик ќе биде направен осврт на основните карактеристики и специфики на решенијата кои се содржани во новиот Закон, вклучувајќи ја и тематиката на застапувањето на странките, комуникацијата меѓу странките  и органите, како и актите кои ги донесуваат органите во согласност со Законот. Предмет на разработка ќе бидат и управната соработка, изведувањето на доказите по службена должност, како и анализата на целиот тек на жалбената постапка, од иницирањето, па сѐ до нејзиното завршување, а сето тоа гледано од аспект на новиот Закон за општата управна постапка.

На крајот ќе бидат сумирани и ефектите што се очекуваат од донесувањето на Законот, а од страна на истакнатите предавачи, кои се со долгогодишно искуство, ќе бидат дадени насоки за соодветна примена на новиот Закон во практиката. Предавачи на оваа обука ќе бидат:

  • Ирена Брзанова, претседател на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и
  • Југослав Ѓорѓиевски, државен советник во Министерството за информатичко општество и администрација.

За сите детали во врска со обуката, можете да ни се обратите на е-пошта: practicum@akademik.com.mk, како и на телефонските броеви 02/3221-091 и 02/3232-821.

Во прилог погледнете ја агендата за обуката.

newsleter зоуп септември 2016 1