АКАДЕМИК ОБУКА: Сè што треба да знаете за канцелариското и архивското работење

На ден 3.6.2020 година, Академик ќе одржи обука на тема „Сè што треба да знаете за канцелариското и архивското работење – од приемот на документацијата, па сè до нејзиното уништување“

Една од основните задачи на секој правен субјект е правилно водење на канцелариското и архивското работење. Правилното постапување со документарниот и со архивскиот материјал е клучен сегмент во управувањето со правниот субјект и во докажувањето на законитоста во неговото работење.

На еднодневната обука во организација на Академик, поединечно ќе биде обработена секоја алка во системот на канцелариското и архивското работење, и тоа:

  • законските и подзаконските акти што ги регулираат канцелариското и архивското работење;
  • процедурите за следење на патот на документите и предметите – од прием, па сè до разведување;
  • водење деловодник и помошни евиденции и административно-техничка обработка на документите, со практични примери и вежби;
  • евиденција и пополнување на печати и штембили;
  • класифицирање на документите по архивски знаци;
  • заштита на документацијата од оштетување и уништување;
  • попис и опис на архивскиот материјал;
  • одбирање на архивскиот од документарниот материјал и предавање на материјалот до надлежниот архив;
  • постапка за уништување на документарниот материјал.

  • Времетраењето на обуката го ограничивме на најмногу 5 часа, а програмата ја испланиравме на начин кој овозможува повеќе паузи, и тоа најмалку на секој час и половина;
  • Пред почетокот на обуката, ќе бидете задолжително прашани од организаторите дали имате респираторни симптоми (температура, кашлица, отежнатодишење) и дали сте биле во контакт со лице кое има вакви симптоми. Доколку одговорите позитивно, организаторите ќе ве замолат да не учествувате на обуката;
  • Академик го ограничи бројот на учесници согласно просторот, со цел да обезбеди задолжително физичко растојание на учесниците од 1,5 – 2 метри;
  • Организаторите, предавачите и учесниците задолжително ќе носат заштитни маски во текот на обуката и за време на паузите;
  • Во просторијата за обука ќе биде обезбедено средство за дезинфекција на рацете;
  • Сите присутни во просторот за обука треба да ги почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на рацете или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол);
  • Просторот во кој ќе се одржува обуката често ќе се проветрува, особено во текот на паузите;
  • За време на паузите се забранува групирање на присутните;
  • Пред почетокот и по завршувањето на обуката, просторот ќе се исчисти и ќе се дезинфицира со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, за што Академик обезбеди и сертификат;
  • Во просторијата ќе обезбедиме корпи за отпадоци со капак.

Време и место на одржување на обуката:  3.6.2020 година, среда, 10:00 – 15:00 часот; Центар за обуки „Академик“, ул. „Рајко Жинзифов“ бр. 50, Скопје.

Цена: 20% попуст на сите обуки кои ќе бидат организирани од Академик во овој период, т.е. 3.360,00 денари + ДДВ за едно лице. За пријавени тројца или повеќе учесници од ист правен субјект следува дополнителен попуст.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и закуска за време на паузите.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефонот +389 02 323 7465.