/Прочитано:

208

АКАДЕМИК ОБУКА: Сè што треба да знаете за канцелариското и архивското работење – од приемот на документацијата, па сè до нејзиното уништување

На 17 октомври  Академик ќе одржи еднодневна обука на тема: „Сè што треба да знаете за канцелариското и архивското работење – од приемот на документацијата, па сè до нејзиното уништување“.

Една од основните задачи на секој правен субјект е правилно водење на канцелариското и архивското работење. Правилното постапување со документарниот и со архивскиот материјал е клучен сегмент во управувањето со правниот субјект и во докажувањето на законитоста во неговото работење.

На обуката на која предавачи ќе бидат виши управни инспектори од Државниот управен инспекторат,  поединечно ќе биде обработена секоја алка во системот на канцелариското и архивското работење, и тоа:

  • Законските и подзаконските акти што ги регулираат канцелариското и архивското работење;
  • Процедурите за следење на патот на документите и предметите – од прием, па сè до разведување;
  • Водење деловодник и помошни евиденции и административно-техничка обработка на документите, со практични примери и вежби;
  • Евиденција и пополнување на печати и штембили;
  • Класифицирање на документите по архивски знаци;
  • Заштита на документацијата од оштетување и уништување;
  • Попис и опис на архивскиот материјал;
  • Одбирање на архивскиот од документарниот материјал и предавање на материјалот до надлежниот архив;
  • Постапка за уништување на документарниот материјал.

Агенда:

Правна рамка за канцелариско и архивско работење

  • Законски и подзаконски акти со кои се уредуваат канцелариското и архивското работење;
  • Правила и процедури за следење на движењето на актите (од влез и прием на актот, па сè до негово експедирање);
  • Права и обврски на имателите на јавен и на приватен архивски и документарен материјал.

Водење деловодник и книги за евиденција, со посебен осврт на е-архива и е-деловодник

  • Правила и техники за заведување на документите и за водење на деловодникот и други книги за евиденција;
  • Почеток на водење и заклучување на деловодникот;
  • Разведување на документи/записи во деловодникот;
  • Водење на е-деловодник и негова усогласеност со рачното водење на деловодникот;
  • Движење на документите, водење книги за евиденција и распоредување на документите во работа по вработен;
  • Евиденција и употреба на печати и штембили;
  • Овластувања за водење деловодник и е-деловодник, прием на пошта и користење на печати и штембили;
  • Специфични ситуации и проблеми од практиката што се јавуваат при водењето на деловодник кај големи правни лица и кај институции со широка организациска структура;
  • Најчесто поставувани прашања поврзани со електронското водење на архивата (е-архива и е-деловодник).

Постапување со архивски и документарен материјал

  • План на архивски знаци, листа на архивски материјал и листа на документарен материјал, со рокови за негово чување;
  • Одбирање  на  архивскиот од  документарниот материјал;
  • Евидентирање (попис и опис) на архивскиот материјал;
  • Категоризација на архивскиот материјал;
  • Попишување на документарниот материјал на кој му изминал рокот за чување;
  • Постапка за уништување на документарен материјал со изминат рок за чување;
  • Простор, опрема и услови за чување и заштита на архивскиот и на документарниот материјал;
  • Предавање на јавниот архивски материјал на трајно чување во Државниот архив

Практични примери и вежби

Време и место на одржување на обуката: 17.10.2019 година, четврток, 10:00 – 15:00 часот, Центар за обуки Академик, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

Академик слави јубилејни 10 години постоење и по тој повод во периодот од септември до декември 2019 година сите правни обуки ги добивате со 20% попуст за секој учесник.

Корисниците на Академика добиваат посебна ексклузивна можност – за секој учесник пријавен по редовна цена учество гратис (колку уплатени котизации, уште толку котизации гратис).

Редовната цена за учество за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и закуска за време на паузите.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката и за сите останати можности и поволности по повод јубилејот може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3122 308.

10 години Академик