/ Прочитано:

369

АКАДЕМИК ОБУКА со физичко присуство: „Практична примена на Законот за јавните набавки и најчести пропусти при спроведување на постапките“

На 26.05.2022 година (четврток), од 10:00 до 15:00 часот, Академик ќе одржи обука со физичко присуство на тема: „Практична примена на Законот за јавните набавки и најчести пропусти  при спроведување на постапките“.

Оваа обука е наменета за договорните органи и за економските оператори, а нејзината цел е да се укаже на најчестите пропусти кои ги прават договорните органи и економските оператори во постапките за јавни набавки што вообичаено се користат (набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка).

Оттука, во рамките на обуката ќе бидат опфатени сите поединечни фази и сегменти во спроведувањето на јавните набавки, при што фокусот ќе биде ставен на изготвувањето на тендерската документација, на изготвувањето на понудите од страна на понудувачите, како и на евалуацијата на понудите од страна на договорните органи.

Обуката е дизајнирана да даде практичен придонес во правилното спроведување на јавните набавки од страна на договорните органи и економските оператори, со тоа што најчестите пропусти, како и дилемите кои се јавуваат во реалноста ќе се детектираат преку споредување на дадените позитивни законски решенија со примери од праксата.

На обуката ќе предава Савка Нејковска-Тасева – дипломиран правник, со положен правосуден испит, вработена во Државната комисија за жалби по јавни набавки, со повеќе од десет години работно искуство во областа на јавните набавки и сертифициран обучувач од областа на јавните набавки.

Напомена: обуката ќе се одржи со физичко присуство на учесниците во просториите на АКАДЕМИК ДООЕЛ Скопје, на ул. „Рајко Жинзифов“ бр. 50, Скопје, а бројот на учесници е ограничен на максимум 20.

Агенда

10:00 11:30: Најчести пропусти при изготвување на тендерската документација од страна на договорните органи:

    • Услови за квалитативен избор на економските оператори и докажување на способноста преку примери и пракса
    • Изготвување на техничка спецификација
    • Средства за обезбедување

Најчести пропусти по фазите од постапката за јавна набавка (најчесто користените)

    • Набавка од мала вредност
    • Поедноставена отворена постапка
    • Отворена постапка
    • Постапка со преговарање без објава на оглас
    • Набавка на посебни услуги

11:30 – 12:00: Пауза

12:00 13:30: Најчести пропусти во фазата на евалуација на понудите

    • Како се докажува способноста на економските оператори?
    • Што е дозволено да се дополнува и појаснува од понудувачите при евалуација на понудите?
    • Како се утврдува невообичаено ниска цена
    • Користење способност од други субјекти (групна понуда, подршка и подизведување)
    • Најчести пропусти од страна на договорните органи и понудувачите преку практични примери на Државната комисија за жалби по јавни набавки
    • Управна контрола – кога се применува

13:30 – 13:40: Пауза за кафе

 13:40 – 15:00: Најчести пропусти во понудите од страна на економските оператори

    •  Изготвување на понудата
    • Потпишување на понудата
    • Пополнување на техничка спецификација

 Измени на договорите во тек на нивната важност

    • Во кои случаи може да дојде до измена на договорите при извршување
    • Кои измени се дозволени
    • Кога може договорот да се раскине

 

Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

Цената за учество за едно лице е 5.200 денари со вклучен ДДВ.

Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 25.05.2022 година (среда), преку е-пошта на akademik.mk@gmail.com, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

  • +389 02 3221 091 и
  • +389 02 3122 308.

Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта и телефонскиот број на учесникот за контакт.

Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.