/ Прочитано:

1.081

АКАДЕМИК ОБУКА: Специфики во примената на новиот Закон за јавните набавки и на подзаконските акти

На 26. 11. 2019 Академик ќе одржи обука на тема „Специфики во примената на новиот Закон за јавните набавки и на подзаконските акти, со посебен осврт на донесувањето на годишните планови за јавни набавки“.  На обуката посебен акцент ќе биде ставен на обврските и одговорностите на учесниците во постапката; исклучоците од примена на Законот; критериумите за избор на најповолна понуда и 11-те нови подзаконски акти.

Предавач на обуката ќе биде Кирил Каранфилов, претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки и долгогодишен експерт од областа на јавните набавки.

Обуката е наменета за претставници од сите договорни органи и економски оператори, за лица на управувачки и раководни позиции, за членови на комисии за јавни набавки, за одговорни лица и за вработени во организационата единица за јавни набавки.

На 1 април 2019 година започна со примена новиот Закон за јавните набавки. По неговото донесување следуваше донесувањето и на 11 подзаконски акти со кои детално се регулираа начинот и постапката за спроведување на набавките и беа обработени одделни одредби од Законот.

Академик постојано ги следи актуелностите и во областа на јавните набавки, па навремено конципираше обука наменета и за договорните органи и за економските оператори.

Обуката се остварува врз основа на сеопфатна, а во исто време конкретна и јасна агенда, преку која ќе се обработат важни елементи и новини на системот за јавни набавки, и тоа:

– клучни измени во поглед на критериумите за доделување договори за јавни набавки;

– посебен систем за е-пазар за набавки од мала вредност;

– нови постапки за јавни набавки;

– понуда во форма на електронски каталог и

– многу други досега неприменети правни институти, со кои започнува целосна реформа во системот на јавните набавки.

На ден 26.11.2019 година Академик организира еднодневна обука на која преку сеопфатна анализа на Законот за јавните набавки и преку практични примери детално ќе бидат  разработени елементите на системот за јавни набавки.

Агенда:

Специфики во примената на Законот за јавните набавки

  • Начела на кои се темелат јавните набавки;
  • Новини кај исклучоците од примена на Законот;
  • Посебни услуги – поим, значење и начин на набавување;
  • Резервирани договори – услови за резервирање, докажување на нивната исполнетост и можни негативни последици од нивната примена;
  • Утврдување на способност на економскиот оператор;
  • Критериуми за избор на најповолна понуда;
  • Дефинирање на критериумите за доделување договор без е-аукција;
  • Специфики при изработка на тендерска документација за различни предмети на набавка, односно различни постапки за набавка;
  • Извршување на договор.

Постапки за доделување договори за јавни набавки во согласност со Законот и жалбена постапка

  • Видови постапки во согласност со Законот;
  • Нови вредносни прагови за спроведување на постапките;
  • Измени и новини во вредносните прагови за набавки без спроведување постапка;
  • Претходна контрола на тендерска документација;
  • Посебна постапка за набавка од мала вредност;
  • Нова поедноставена отворена постапка;
  • Конкурентна постапка со преговарање – во кои случаи може да се користи и начин на спроведување на постапката;
  • Дистинкција помеѓу условите за спроведување на конкурентна постапка со преговарање и конкурентен дијалог;
  • Задолжително мислење од Бирото за јавни набавки за користење постапка со преговарање без објавување оглас;
  • Партнерство за иновации;
  • Воведување на динамичен систем за набавки – начин, услови и постапка за негова примена;
  • Можности и ограничувања на новиот систем за е-пазар на набавки од мала вредност;
  • Бодување на соодносот цена – квалитет и трошоци за животен век;
  • Воведување и имплементација на е-жалба.

Уредување на постапките за јавни набавки во согласност со 11-те подзаконски акти

  • Правилник за формата и содржината на барањето на мислење за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас;
  • Правилник за начинот на користење на електронски систем за јавни набавки;
  • Правилник за формата, содржината како и начинот на изготвување на годишниот план за јавни набавки;
  • Е-план за јавни набавки: чекори за успешна подготовка за донесување план за јавни набавки,форма и содржина на планот,определување на видот на договорот за јавна набавка,определување на видот на постапката за јавна набавка,изготвување на планот на начин во согласност со законот,начин и постапка за измена на планот, правила за начинот на процена на вредноста на договорите за јавни набавки;
  • Правилник за начинот на избор на постапките за јавни набавки кои ќе бидат предмет на управна контрола, како и за начинот на вршење управна контрола;
  • Правилник за видовите на посебни услуги кои се предмет на договорите за јавни набавки на услуги;
  • Правилник за начинот на водење евиденција на постапките за јавни набавки, како и содржината на евидентната книга;
  • Правилник за содржината на записникот од извршената управна контрола.

Прашања, одговори и дискусија

Време и место на одржување на обуката: 26.11.2019 година, 10:00 – 15:00 часот, Центар за обуки „Академик“, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

„Академик“ слави јубилејни 10 години постоење и по тој повод во периодот од септември до декември 2019 година сите правни обуки ги добивате со 20% попуст за секој учесник.

Корисниците на „Академика“ добиваат посебна ексклузивна можност – за секој учесник пријавен по редовна цена, учество гратис (колку уплатени котизации, уште толку котизации гратис).

СПЕЦИЈАЛНИ РОДЕНДЕНСКИ ПАКЕТИ ЗА ОБУКИ

– со уплатени 3 котизации по редовна цена, добивате 3 месеци гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик

– со уплатени 5 котизации по редовна цена, добивате 6 месеци гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик

– со уплатени 7 котизации по редовна цена, добивате 1 година гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик.

*Вкупниот број уплатени котизации може да се искористи за повеќе различни обуки.

Редовната цена за учество за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и закуска за време на паузите.

Сите заинтересирани може да се пријават за обуката преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката и за сите други можности и поволности по повод јубилејот може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3122 308.

10 години Академик