/ Прочитано:

1.528

АКАДЕМИК ОБУКА: Стратешки и тактички анализи за процена на ризици од перење пари и финансирање на тероризам

На 25 јуни 2019 година (вторник) Академик ќе одржи  обука на тема „Стратешки и тактички анализи за процена на ризици од перење пари и финансирање на тероризам “. Предавач на обуката ќе биде Ивица Симоновски, експерт од областа на финансиското разузнавање.

Обуката е наменета за претставници од банки, штедилници, менувачници, друштва за осигурување, за брокери и брокерски друштва и други финансиски институции и нивни подружници; за сите правни и физички лица кои вршат услуги за посредување во промет со недвижности, ревизорски и сметководствени услуги, давање совети од областа на даноците, давање на услуги како инвестиционен советник, услуги за организирање и спроведување на аукции; за заложувалници; за нотари; за адвокати и адвокатски друштва; за приредувачи на игри на среќа; за даватели на услуги на трустови или правни лица; за Централниот депозитар за хартии од вредност и за сите други субјекти кои имаат обврска да преземаат мерки и дејствија за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

Активностите за спречување перење пари и финансирање на тероризам се базираат на процес на континуирано следење на сите акции и ситуации што се случуваат во текот на работењето на финансиските институции. Критичкото размислување и согледување на ситуацијата, препознавањето на ризиците и можните последици, непрекинатото спроведување анализи, планирањето на разузнавачки активности, сите тие се алки на системот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, кои се од клучна важност за сите финансиски институции.

На обуката во организација на Академик ќе биде образложена потребата од спроведување стратешки и тактички анализи за процена на ризиците од перење пари и финансирање на тероризам, со детален осврт на чекорите што мора да се преземат.

Учесниците на обуката ќе добијат знаења и насоки од врвен експерт од оваа област во однос на тоа каква политика треба да водат институциите со цел спречување перење пари, какви мерки треба да преземат за да ги сведат негативните појави на минимум и какви механизми треба да користат за успешно справување со ситуации на можни појави на перење пари и финансирање на тероризам.

Агенда:

Усогласување на законската регулатива со законодавството на ЕУ од областа на спречување перење пари и финансирање на тероризам

  • Усогласување со законодавството на ЕУ;
  • Вовед во критичкото размислување;
  • Последици предизвикани од одлуки донесени врз база на субјективно размислување и на претпоставени ризици;
  • Обврска за изготвување процена на ризик во согласност со националната процена на ризик;
  •  Препознавање и примена на соодветни индикатори за определување на фактори на ризик.

Поим за стратешка и тактичка анализа

  • Случаи во кои се спроведува анализа и исклучоци од нив;
  • Чекори и мерки на анализата, со практични примери и ситуации;
  • Времетраење на важноста на спроведената анализа;
  • Мерки за анализа при повеќестран деловен однос и други сложени и невообичаени трансакции;
  • Спроведување стратешки анализи со цел спречување штетни последици;
  • Стратешки аналитички производи;
  • Спроведување тактичка анализа и препознавање на ситуации во кои е потребно да се спроведе анализа.

Разузнавачки циклус како клучна алка за спречување перење пари и финансирање тероризам

  • Планирање разузнавачки активности и определување задачи;
  • Прибирање и оценување на добиените податоци;
  • Обезбедување ниво на напредно критичко размислување;
  • Донесување и поднесување извештаи;
  • Содржина на извештаите.

Прашања, одговори и дискусија

Време и место на одржување на обуката: 25.6.2019 година, 10:00 – 16:00 часот, Центар за обуки Академик, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуката преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.