/ Прочитано:

2.414

АКАДЕМИК ОБУКА: Судската пракса поврзана со определувањето надомест за материјална и за нематеријална штета

На оваа обука акцентот ќе биде ставен на конкретни случаи од судската пракса при спроведување на концептот на одговорност за материјална штета предизвикана од друг, концептот на одговорност за нематеријална штета (страв, болка, нагрденост, намалена животна способност, рента, повреда на чест и углед), за спецификите на постапката за надомест за нематеријална штета и концептот на одговорност за нарушена чест и нарушен углед во деловното работење.

akademik..

На 14.3.2016 година во хотелот „Квинс“ со почеток во 10:00 часот, Академик ќе спроведе практична обука на тема „Судската пракса поврзана со определувањето надомест за материјална и за нематеријална штета, концептот на објективна одговорност и определувањето висина на штетата“.

На оваа обука акцентот ќе биде ставен на конкретни случаи од судската пракса при спроведување на концептот на одговорност за материјална штета предизвикана од друг, концептот на одговорност за нематеријална штета (страв, болка, нагрденост, намалена животна способност, рента, повреда на чест и углед), за спецификите на постапката за надомест за нематеријална штета и концептот на одговорност за нарушена чест и нарушен углед во деловното работење.

Во вториот дел од обуката, угледен стручњак од Центарот за ментално здравје „Центар Млин Балкан” практично ќе ги образложи искуствата и за вештачењето за надомест на нематеријална штета и за надомест на штета од медицинска грешка, нарушена чест и нарушен углед.

Како предавачи на оваа обука ќе се јават: Лидија Димова, судија од Основен Суд Велес, Катерина Георгиевска, судија од Апелационен Суд Скопје и д-р Димитар Боневски, вештак психијатар.

Се очекува на крајот од секое излагање учесниците да се вклучат со конкретни прашања за конкретни ситуации од праксата, за кои ќе добијат исцрпни одговори од нашите предавачи.

Заинтересираните за обуката можат да се пријават најдоцна до 11.3.2016 год. (четврток) на е-пошта: practicum@akademik.com.mk или на телефон: 02/3232-821 или 02/3237-465.

Учесниците на обуките, покрај освежувањето за време на паузите, добиваат бесплатни материјали (материјалите ќе бидат доставени по електронски пат по завршувањето на обуката), сертификат за учество на обуката и 20% попуст за нарачка на кое било печатено издание од Академик.