/ Прочитано:

1.954

АКАДЕМИК ОБУКА: Утврдување и наплата на даноци на имот

На 28.1.2020 година (вторник) Академик ќе одржи обука на тема „Утврдување и наплата на даноци на имот“. Предавачи  на обуката ќе бидат Андријана Манчевска, помошник-раководител на Секторот за финансиски прашања во Град Скопје и Снежана Митревска, помошник-раководител на Секторот за финансиски прашања во Град Скопје.

Администрирањето на даноците на имот е комплексен систем за кој постојат бројни дилеми за неговото непрекинато и правилно функционирање.

Начинот на утврдување и наплатата на даноците, основата за пресметка на даноците на имот, одредувањето на висината на стапката на данокот на имот, начинот на утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот се само дел од прашањата што произлегуваат од примената на Законот за даноци на имот, а кои ќе бидат разгледани на обуката организирана од Академик, закажана за 28 јануари 2020 година (вторник).

На обуката детално ќе бидат разработени видовите даноци на имот, елементите за стекнување статус на даночен обврзник, даночните стапки и начините за одредување на нивната висина, случаите за даночни ослободувања и олеснувања, условите за присилна наплата на даноците, како и други одредби од Законот и од подзаконските акти поврзани со него.

 Агенда

Видови даноци на имот

  • Видови даноци на имот и предмет на оданочување;
  • Утврдување даночен обврзник;
  • Специфики при утврдување на даночната основа за данокот на имот во согласност со Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот;
  • Даночни основи за пресметка на данокот на наследство и подарок и данокот на промет на недвижности;
  • Препознавање случаи за даночни ослободување или олеснувања.

Утврдување и наплата на даноците

  • Надлежност за утврдување и наплата на даноците;
  • Обврска за поднесување даночна пријава;
  • Процедура за утврдување и наплата на даноците;
  • Одредување на висината на стапките на различните видови даноци на имот;
  • Примери од практиката за примената на Законот;
  • Тужбена постапка за наплата на даноците;
  • Услови за одлагање на извршувањето на наплатата;
  • Постапка за присилна наплата;
  • Постапка и начин за обезбедување на плаќање на даночен долг.

 Враќање на повеќе или погрешно уплатен данок

  • Услови и постапка за враќање на данокот во согласност со Упатството за начинот на евидентирање,  распоредување, поврат и пренасочување на јавните приходи;
  • Постапување во согласност со Упатството за начин на трезорско работење;
  • Отпис на даночни обврски – разработка на примери и проблеми од практиката.

ПРАШАЊА, ОДГОВОРИ И ДИСКУСИЈА

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

За пријавени тројца или повеќе учесници од ист правен субјект следува дополнителен попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3122 308.