АКАДЕМИК: Обука за новините во Законот за прекршоците, Законот за инспекциски надзор и други материјални закони во однос на жалбената постапка
На 18 декември 2015 год ( петок) во конференцискиот центар на Квинс хотел во трговскиот центар Зебра со почеток во 10 часот ќе се одржи обука за примената на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, новините во врска со Законот за инспекциски надзор и Законот за прекршоците, како и другите материјални закони во корелација со остварување на правната заштита пред Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.
На обуката ќе се говори за примена на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, овластувањата и законските основи по кои постапува Државната комисија, начинот на работа и одлучување на Државната комисија, примена на Законот за инспекциски надзор и другите материјални закони во остварувањето на правото на жалба пред Државната комисија против решенијата донесени во првстепен во инспекциска постапка.
Исто така, на обуката ќе се даде и осврт на одлуките донесени во жалбената постапка против решенијата донесени во прв степен во инспекциска постапка и позитивна пракса и осврт на одлуките донесени во прв степен од прекршочен орган за кои може да се поднесе жалба до Државната комисија, а ќе се говори и за примена на Законот за прекршоци и другите изменети материјални закони кои содржат прекршочни одредби, а во кои е предвидено правото на жалба пред Државната комисија.
Обучувачи на обуката ќе бидат Александар Софронијоски, претседател на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка и Симона Лескароска, заменик – претседател на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. Покрај излагањето на предавачитте, предвидено е и доволно време за прашања, дискусија и презентација на практични примери.
За учество на обуката можете да се пријавите најдоцна до 16 декември на email: practicum@akademik.com. mk или на тел. број:02/32 32 821