/ Прочитано:

2.706

АКАДЕМИК ОБУКА: Задолжително спроведување функционална анализа како основа за донесување или изменување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места

На 28.5.2019 година (вторник) Академик ќе одржи обука на тема „Задолжително спроведување функционална анализа како основа за донесување или изменување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места“.

Предавач на обуката ќе биде Билјана Николовска-Жагар, долгогодишен експерт во областа на јавната администрација и управувањето со човечки ресурси.

Во согласност со Законот за вработените во јавниот сектор, институциите во јавниот сектор имаат обврска да ги подготвуваат актот за внатрешна организација и актот за систематизација на работните места врз основа на претходно спроведена функционална анализа.

Без спроведена целосна функционална анализа, институциите не можат да вршат ниту изменување, ниту пак дополнување на актите за внатрешна организација и за систематизација на работните места. Врз основа на ФА понатаму институциите треба да донесат и План за подобрување, преку кој се дефинираат организацијата, расположливите капацитети на институцијата, како и начинот на користење на расположливите ресурси (просторни, финансиски, кадровски, технички).

На обуката преку сеопфатна анализа на новата Методологија за спроведување функционална анализа детално ќе бидат разработени чекорите за спроведување целосна ФА и за донесување, изменување или дополнување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места и на годишниот план за вработување, и тоа:

  • Модел на ФА – вршење процена на три основни критериуми;
  • Задолжително назначување тим за спроведување ФА;
  • Прибирање податоци по спроведено самооценување на вработените и податоци за организационите единици;
  • Извештај од спроведената ФА – подготовка и структура;
  • Подготовка на План за подобрување;
  • Постапка за донесување, изменување или дополнување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места;
  • Постапка за донесување годишен план за вработување.

Агенда:

Законска обврска на институциите од јавниот сектор за спроведување на функционалната анализа пред донесување или изменување на актот за внатрешна организација и актот за систематизација на работните места

  • Методологија за спроведување на функционалната анализа во институциите од јавниот сектор;
  • Елементи на функционалната анализа (ФА);
  • Модел на ФА – вршење процена на три основни критериуми;
  • Стратешка усогласеност со планираните цели;
  • Организациони капацитети во институцијата;
  • Дефинирање на функциите на институцијата како основен предуслов за успешна ФА – категории и цели.

 Процес на спроведување на ФА

  • Задолжително назначување тим за спроведување ФА;
  • Постапување во случај кога бројот на вработени во институцијата е ист или помал од бројот на членовите во тимот за спроведување ФА;
  • Структурирање на акциски план за спроведување ФА;
  • Собирање на потребните информации и документи пред почетокот на спроведувањето на ФА;
  • Прибирање податоци по спроведено самооценување на вработените и податоци за организационите единици;
  • Анализа на добиените информации – параметри за идентификување на функциите на институцијата;
  • Извештај од спроведената ФА – подготовка и структура;
  • Формирање на препораки  и подготовка на План за подобрување.

Донесување, изменување или дополнување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места и на годишниот план за вработување

  • Постапка за донесување, изменување или дополнување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места;
  • Постапка за донесување на годишен план за вработување;
  • Содржина на планот;
  • Рокови за донесување на планот и на извештајот за негова реализација.

Прашања, одговори и дискусија

Време и место на одржување на обуката: 28.5.2019 година, 10:00 – 15:00 часот, Центар за обуки Академик, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуката преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.