/ Прочитано:

2.109

АКАДЕМИК ОБУКА: Законот за работните односи – предложени измени и дополнувања

На 3 јули (вторник) од 10:00 со 15:00 часот, Академик ќе одржи обука на тема: Законот за работните односи – предложени измени и дополнувања. Предавач на обуката ќе биде Миле Стојановски. Обуката ќе се одржува во Центарот за обуки Академик, кој се наоѓа во Скопје, во централното градско подрачје, на ул. „ВМРО“ бр. 1.

Преку сеопфатна анализа на постојните законски одредби во компарација со предложените измени и новини кои се влезени во собраниска процедура, обуката ќе понуди одговори на бројни прашања од областа на трудовото право.

Воедно, учесниците на обуката ќе се стекнат со знаења за најдобра практична примена на новите предлог-решенија од Законот, а ќе имаат можност да пренесат конкретни ситуации и примери од своето работење, како и да дискутираат и да разработат и други правни институти  од трудовото право.

Агенда

НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА  ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

Цел и значење на Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за работните односи;

Проширување на правата на работниците вработени на определено време преку забрана за дискриминација;

Механизми и начини за дополнителната заштита на правата од работен однос на дете на возраст под 15 години;

Нови рокови за максимално времетраење на пробната работа;

Дефинирање на задолжителните елементи од содржината на договорот за вработување;

Измени во поглед на минималните рокови за времетраењето на јавниот оглас за вработување, односно рокот за пријавување.

ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА ВО ПОГЛЕД НА ОТКАЖУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Уредување на постапката пред отказ преку прецизирање на причините за отказ и на содржината на предупредувањето како задолжителен чекор во отказната постапка;

Прецизирање на критериумите за отказ од деловни причини и нивно значење;

Воведување на минимални рокови за подобрување на работењето од страна на работникот по изречено писмено предупредување;

Изедначување на роковите за застареност на отказот поради лични причини и на отказот поради причина на вина;

Воведување мерки за заштита на работникот на кој му престанал договорот за вработување од деловни причини;

Обезбедување на поголема испратнина во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини.

ИМПЛИКАЦИИ ОД ИЗМЕНИТЕ ВРЗ ДРУГИТЕ ПРАВА ОД РАБОТЕН ОДНОС

Измени во поглед на начинот и на роковите за поднесување изјава за продолжување на договорот за вработување;

Проширување на правата на приправниците во поглед на износот за исплата на плата;

Прецизирање на значењето на терминот соодветна храна за работник кој работи ноќно време;

Дополнителни механизми за заштита на правото на годишен одмор.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10 % попуст.

За пријавени тројца или повеќе учесници од ист правен субјект следува дополнителен попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријават преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.