АКАДЕМИК ОБУКИ: Интегрална обука за придонеси од социјално осигурување и осврт на новиот Закон за пензиското и инвалидско осигурување
Според добро познатата пракса на Академик, обуката ќе биде наменета за одговорните лица во осигурителните компании, пензиските фондови, компаниите и локалната самоуправа кои раководат или работат во правните служби или човечките ресурси за пресметка, уплата и евиденција на придонесите за пензиско, инвалидско и здравствено осигурување.
Одговорните лица во Министерството за труд и социјална политика и Фондот за здравство во 5 часовната обука ќе направат пресек на важечкото законодавство, ќе ги образложат најзначајните постапки во оваа сфера, ќе укажат на најчестите грешки во праксата и ќе посочат кои ќе бидат главните трендови во пензиското и здравственото осигурување во Република Македонија и донесувањето на нови закони. Вообичаено за практичните обуки на АКАДЕМИК, на крајот од обуката е резервирано доволно време за прашанња, дискусија и практични примери каде ќе се дискутира за боледувањето, уплата на придонеси во различни фактички ситуации, промоција на доброволни пензиски шеми пред, во годините до пензионирање и слични прашања.