АКАДЕМИК ОБУКИ: На 1 и 2 декември обуки за Јавните набавки за договорни органи, Јавно-приватно партнерство, концесии и експропријација!
Петок, 28 ноември 2014 – Следнава недела Академик ќе одржи две обуки посветени на две мошне значајни теми, а тоа се темите поврзани со јавно-приватно партнерство и концесиите, експропријација и јавни набавки за договорните органи. Вообичаено, и двете обуки ќе започнат во 10 часот во Qeen хотелот во ТЦ Зебра, а учесниците ќе имаат единствена можност да бидат дел од интерактивни настани проследени со извонредните предавања на реномирани експерти од конкретните области и практика.
Првата обука, односно рабтилница посветена на јавните набавки за договорни страни ќе се одржи на 1 декември (понеделник), а на неа поконкретно ќе се елаборираат прашањата за имлементацијата и практичната примена на новитетите во Законот за јавни набавки. Предавачи на оваа оваа обикаќе бидат: Татјана Пешевска, дипл. екк. – Раководител на внатрешна ревизија при АД МЕПСО Скопје, овластен државен ревизор и сертифициран обучувач за јавните набавки со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за јавни набавки, потоа Маја Малахова, м-р по правни науки, , Претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки, професионалец со долгогодишно искуство во областа на јавните набавки и Ирена Стоименова, дипл.екк. Советник за комерцијални работи во АД ЕЛЕМ; Сертифициран обучувач за јавните набавки, со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за јавни набавки во Министерство за финансии.
Втората обука за јавното приватно партнерство ќе се одржи на 2 декември (вторник), а на неа поконкретно ќе се елаборира прашањето за Јавното приватно партнерство, практичната примена на Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, Законот за експропријација и неговата практична примена.
Предавачи на Втората обука ќе бидат Снежана Петковска, раководител на сектор за правни работи во Министерството за економија, како и Марина Стаматовска од Управа за имотно-правни работи.
Вообичаено за АКАДЕМИК ОБУКИТЕ предвидено е и доволно време за прашања, дискусија и практични примери.
ПРИЈАВЕТЕ СЕ на e-mail: practicum@akademik.com.mk или на тел. број:02/32 32 821!
– Цената на обуката е 4.200 денари + 18% ДДВ
– Бројот е ограничен на 30 учесници по обука!
– Цената е за еден учесник за еден ден
За корисниците на www.akademika.com.mk следува 10% попуст!