/ Прочитано:

1.837

Академик обуки во декември

 На 5.12.2019 година (четврток) Академик ќе одржи обука на тема „Договори за ангажирање лица  – Примена на одредбите од Законот за работните односи, Законот за практикантство, Законот за облигационите односи, Законот за волонтерство, Законот за трансформација во редовен работен однос“.

Предавачи ќе бидат Мирјанка Алексевска, раководител на Секторот за политики од областа на трудовото право и политики за вработување во Министерството за труд и социјална политика, и Маја Папатолевска, соработник во Секторот за политики од областа на трудовото право и политики за вработување во Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе за обуката на следниот линк: Договори за ангажирање лица – нова обука во организација на Академик.

На 10.12.2019 година (вторник) Академик ќе одржи обука на тема „Клучни елементи на современото управување со човечките ресурси“.

Предавач ќе биде  Дејан Маџоски, бизнис-партнер за човечки ресурси во „Пивара“ Скопје.

Повеќе за обуката на следниот линк: Клучни елементи на современото управување со човечките ресурси.

На 12 декември  (четврток) Академик ќе одржи обука на тема „Новиот Закон за инспекциски надзор и подзаконските акти“, на која предавачи ќе бидат виши управни инспектори.

Повеќе за обуката на следниот линк: Новиот Закон за инспекциски надзор и подзаконските акти

На 17 декември 2019 година (вторник) Академик ќе одржи обука на тема „Новиот Закон за инспекциски надзор и приватниот сектор – права и обврски на компаниите“. Предавач на обуката ќе биде  Методија Димовски – член на Инспекцискиот совет.

Повеќе за обуката на следниот линк:  Новиот Закон за инспекциски надзор и приватниот сектор – права и обврски на компаниите

На 23.12.2019 година (понеделник) Академик ќе одржи обука на тема „Практична примена на Законот за субвенционирање на социјалните придонеси поради зголемување на плата“.

Предавачи на обуката ќе бидат Мирјанка Алексевска, раководител на Секторот за политики од областа на трудовото право и политики за вработување во Министерството за труд и социјална политика, и  Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи на Република Северна Македонија.

Повеќе за обуката на следниот линк: Практична примена на Законот за субвенционирање на социјалните придонеси поради зголемување на плата

„Академик“ слави јубилејни 10 години постоење и по тој повод во периодот од септември до декември 2019 година сите правни обуки ги добивате со 20% попуст за секој учесник.

Корисниците на „Академика“ добиваат посебна ексклузивна можност – за секој учесник пријавен по редовна цена, учество гратис (колку уплатени котизации, уште толку котизации гратис).

СПЕЦИЈАЛНИ РОДЕНДЕНСКИ ПАКЕТИ ЗА ОБУКИ

– со уплатени 3 котизации по редовна цена, добивате 3 месеци гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик

– со уплатени 5 котизации по редовна цена, добивате 6 месеци гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик

– со уплатени 7 котизации по редовна цена, добивате 1 година гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик.

*Вкупниот број уплатени котизации може да се искористи за повеќе различни обуки.

Редовната цена за учество за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и закуска за време на паузите.

Сите заинтересирани може да се пријават за обуката преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката и за сите други можности и поволности по повод јубилејот може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3122 308.