/ Прочитано:

1.522

Академик одржа обука за клучните елементи на современото управување со човечките ресурси

Академик одржа обука за клучните елементи на современото управување со човечките ресурси, на која предавач беше Дејан Маџоски, бизнис-партнер за човечки ресурси во „Пивара“ Скопје.

На обуката во организација на Академик учесниците детално се запознаа со теоретските и со практичните аспекти на управувањето со човечките ресурси, особено во поглед на унапредување на активностите и функциите на управувањето со човечките ресурси; потребите за работа и обликувањето на работните места; оценување на успешноста на вработените; зголемувањето на посветеноста; развојот на лидерството и менаџментот; менторството и системите за оцена на учинокот; вреднувањето и имплементацијата на повратната информација, како и мотивирањето и системите за наградување.

Учесниците истакнуваат дека присуствувале на обука која има врвен предавач и врвна организација. Темата за управувањето со човечките ресурси, додаваат тие, е мошне актуелна и за поздрав е тоа што Академик посветил обука на важно прашање од практичното работење на секој субјект.

„Темата на обуката е мошне актуелна бидејќи во денешно време сѐ повеќе компании се трудат да бидат во тек со современите трендови на управувањето со човечките ресурси. Предавачот имаше одлично предавање и ни овозможи да добиеме јасна слика за управувањето со човечките ресурси“,  – Соња Кралевска од „Неотел“.

„Предавачот имаше одличен осврт на темата и појасни многу работи кои се  однесуваат на сите клучни елементи во управувањето со човечките ресурси“ – Елена Пурданоска.

„Обуката беше одлично организира, а предавачот одлично го пренесе своето знаење за темата“ – Билјана Илијевски од „Маркарт“ Македонија, Елена Мирческа од „Комфи Ангел“, Иван Стојановски од „Аспектус фарма“ и Драган Трајков од „Солопром“.