Академик одржа обука за користењето на Информациониот систем за управување со човечки ресурси
Академик одржа еднодневна обука на тема „Детална практична симулација на користењето на Информациониот систем за управување со човечки ресурси“, на која предавач беше Лаура Идризи од Министерството за информатичко општество и администрација.
Информациониот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР) има цел да ја унапреди ефикасноста во управувањето со човечките ресурси, а со тоа и квалитетот на работата на институциите во јавниот сектор.
Внесувањето на податоците во системот и нивното тековно и навремено ажурирање е законска обврска на секоја институција од јавниот сектор и претставува предуслов за исплата на плати.
За правилно користење на Информациониот систем за управување со човечки ресурси и за успешно функционирање, неопходно е да се добие и соодветна обука, како и едукација.
На обуката во организација на Академик добивме одговор на сите прашања во врска со користењето на системот, разменивме мислења со колегите, но ни беа дадени и сугестии, совети и предлози за решавање на дилемите со кои се соочуваме при користењето на Информациониот систем за управување со човечки ресурси во секојдневното работење“, коментираат учесниците на обуката, нагласувајќи дека можеле да слушнат многу квалитетно предавање.