АКАДЕМИК одржа обука за најактуелните новитети од работните односи и сетот закони од социјалната сфера

Петок, 5 декемри 2014 – Академик одржа обука за атрактивни и актуелни теми од работните односи и сетот закони од социјалната сфера кои секогаш предизвикуваат општо должно внимание во правно-деловната сфера, но воедно денес се топ теми во јавноста со оглед на нивната силна општествена актуелност и значење, а оттука и како теми на обуките динамично беа проследени со огромен интерес од учесниците, за што, секако, голем удел имаа и извонредните предавања на експертите кои ги елаборираа поставените тематики и низ практични примери.

Имено, на обуката поконкретно се анализираа, дискутираа и коментираа тематиките поврзани со обврските на работодавачот спрема бремените работнички согласно последните измени на Законот за работните односи, потоа отказот на причини од вина и правото на пензија и обврски за уплата на придонеси согласно најновите измени на Законот за работните односи и сетот на закони од социјалната сфера.

Обуката започна со излагањето на првата предавачка, судијката Бојана Велковска, судијка во Основен суд Скопје 2. Нејзин предмет на елаборација беа обврските на работодавачот спрема бремените работнички, а се осврна подетално на забраната за дискриминација, забраната за изрекување на отказ и правото на неплатен одмор.

Велковска соето излагање го фокусираше и кон генералните правила и практични примери, проследувајќи го и практичниот приказ на роковите согласно последните измени на ЗРО.

Потоа, познатиот ескперт за даночни прашања, Славко Лазовски, како и Ирена Ристеска од Министерство за труд и социјална политика,  ја елаборираа преку практичен приказ примената на измените на законите при пресметка на уплата на придонеси.

Исто така, се анализираше и прашањето за основици за уплата, начини на уплата, ограничувања и исклучоци.

Низ излагањата на тројцата реномирани експерти од својата област, што впрочем е една од одликите на овие обуки, спонтано се наметна креативната дискусија за актуелните прашања и многу нејаснотии на недвосмислен начин беа појаснети и објаснети, што кај учесниците беше одлично оценето и поздравено.

Тука, учесниците имаа единствена можност на најнепосреден начин да ги дознаат потемелно одговорите на прашањата за она што во последно време е и топ тема во јавноста, а тоа се новите законски решенија во однос на придонесите за хонорарите.

Она што е најажно е што благодарение на тоа што на Академик обуките свои излагања имаат луѓето кој најдиректно се запознаени со примената на законските рашенија се добија – и јасни одговори.

Методично, концизно и инспиративно, предавачите се посветија кон барањата на учесниците, кои пак дознаа и многу повеќе за практичната применливост на овие трудово-правни прашања.

Практично и целта на Академик обуките е токму на ваков начин да ги конектира чинителите во процесите во однос на применливоста на законските решенија, од институционално, преку експертско до еснафското ниво на артикулацијата и апликативноста  на легислативата и практиката која е предмет на елаборација.

Предавачите велат дека им било задоволство што имале такви соговорнци и уносоно истакнуваат дека само преку вакви обуки може некои аспекти за конкретните теми да се разјаснат.

„Многу интересни теми, учеснците навистина беа активни што за нас е многу стимулативно. Оваа обука за нив е од голема корист“, вели судијката Бојана Велковска.

„Супер искуство, драго ми е  што има и учесници со кои може заедно да се дискутираат прашањата“, вели еспертот за даночни прашања, Славко Лазовски.

„Би констатирала дека обуката со сигурност многу ќе им помогне на учесниците затоа што на овој начин имаат одлична можност да слушнат како се применуават измените на законите при пресметка на уплата на придонеси како и прашањето на основици за уплата, начини на уплата, ограничувања и исклучоци“, вели Ирена Ристеска од Министерство за труд и социјална политика.

Учесниците, потврдно на она што претставува појдовна точка на едукативниот концепт на АКАДЕМИК обуките, истакнуваат дека обуката не само што е своевиден простор за размена на прашања и одговори, туку и простор кој е извонредно место за предлагање на нови идеи како индикатор за она со што реално се соочуваат субјектите на пазарот, законската применливост и правниот сообраќај.

„Одлична обука, корисна“.

„Супер организација, темите се баш оние што не интересираат“.

„На високо ниво“ .

„Топ обука“.

„Да, обуката е наистина супер“.

„Често доаѓам на обуките на Академик  и одлични се, како и денешната“.

„Досега е добро, да видиме и вориот предавач“.

„Обуката е многу добра и корисна“

„Обуката е супер, но самите законски решенија се проблематични и мислам дека низ праксата ќе има многу проблеми. Сепак на оваа обука е добро некои работи да се појаснат, но и сега уште подобро се согледуа дека во решенијата има некоја недореченост“.

„Согласни сме дека обуката е извонредна“.

„Добра обука низ многу практични примери“.