/ Прочитано:

1.278

Академик одржа обука за најзначајната реформа на управносудскиот систем – новиот Закон за управни спорови

Академик одржа обука за новиот Закон за управни спорови, како најзначајна реформа на управносудскиот систем. Предавач на обуката беше Каролина Стојановска-Богдановска, виш управен инспектор во Државниот управен инспекторат.

На обуката се елаборираа најзначајните новини во Законот за управни спорови, со посебен фокус на начела врз кои се темели новиот Закон: ефикасноста во водењето на постапката; задолжителната јавна расправа во постапката, со строго дефинирање на исклучоците; воведување „модел-одлука“ и „модел-постапка“ и текот на постапката за водење управен спор во согласност со Законот.

Исто така, на обуката се говореше и за поведувањето управен спор, за процедуралните аспекти на управниот спор, за жалбената постапка и вонредните правни лекови, како и за донесувањето одлуки во судските постапки и за новиот систем на извршување на пресудите.

Учесниците на обуката потенцираат дека законската материја за управните спорови е доста комплексна и дека е потребна добра подготовка за нејзина правилна примена. На оваа обука, додаваат тие, можевме да научиме и да дознаеме многу за законските новини и како да постапуваме во конкретни ситуации во практика.

„Обуката беше посветена на тема што е исклучително значајна и што претставува круцијална реформа во управното законодавство, но и во управносудскиот систем. На обуката се дадоа сите одговори за законските новини за управните спорови. Организацијата на обуката беше одлична. Предавачката, исто така, беше одлично подготвена и одлично го пренесе своето знаење“, велат Славица Игнатовска од Општина Кавадарци и  Владимир Банџо од Адвокатската канцеларија „Кимова“.

„Целта на обуката беше исполнета затоа што имаше одлично предавање и организација“, додава Соња Станоева од Општина Кавадарци.

„Новиот Закон за управни спорови е многу поволен за странките, посебно со одредбите со кои се воведува модел-постапката и донесувањето модел-одлука“, резимира Анета Ташева од Општина Кавадарци, додавајќи дека најголем впечаток ѝ оставиле добрата организација на обуката и предавачката, која била одлично подготвена.