Академик одржа обука за новиот Закон за јавните набавки
Академик одржа обука за спроведувањето постапки за јавни набавки во согласност со новиот Закон за јавните набавки, на која предавач беше Кирил Каранфилов, претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки и долгогодишен експерт од областа на јавните набавки.
Што предвидува новиот Закон; какви обврски и одговорности имаат учесниците во постапката; кои се најзначајните новини со кои се означува реформата во системот за јавните набавки; кој е критериумот за избор на најповолна понуда, беа прашањата кои детално беа елаборирани на обуката во организација на Академик.
Воедно, на обуката, на која имаше голем број учесници, преку практични примери детално се разработија елементите на системот за јавните набавки со цел успешна и правилна примена на новините, меѓу кои како позначајни беа опфатени измените во поглед на критериумите за доделување договори за јавни набавки, посебен систем за е-пазар за набавки од мала вредност, нови постапки за јавни набавки, понуда во форма на електронски каталог. Предавачот Каранфилов во своето предавање го акцентираше и концептот на одржливи јавни набавки промовиран со новиот Закон за јавните набавки.
„Обуката беше многу корисна и содржински богата. Се говореше за новините предвидени во Законот за јавните набавки, постапките за доделување договори за јавни набавки во согласност со Законот и изборот на најповолна понуда и правна заштита во постапката за доделување договор за јавна набавка. Меѓу позначајните прашања за кои се говореше на обуката беа и прашањата за е-пазар на набавки од мала вредност; е-планот за јавни набавки и е-жалбата. Сите овие прашања и теми беа одлично образложени од предавачот. Обуката беше одлично спроведена и задоволни сме од начинот на кој беа презентирани новините во Законот за јавните набавки“, велат учесниците на обуката.