/ Прочитано:

1.805

Академик одржа обука за пополнувањето на работни места на административни службеници со практична симулација на ИСУЧР

Академик денеска одржа еднодневна обука за уште една мошне актуелна тема „Пополнување на работни места на административни службеници со практична симулација на ИСУЧР“.Пред големиот број присутни учесници, за денешната тема говореа Билјана Николовска-Жагардржавен советник во Министерството за информатичко општество и администрација, и  Лаура Идризи, помлад соработник за оценување на вработените во Министерството за информатичко општество и администрација.

Во согласност со последните измени на Законот за административни службеници, направени се директни интервенции во начинот, постапката и условите за пополнување на работните места на административните службеници, а со тоа и во системот за управување со човечките ресурси.

Како задолжителна алатка за електронско управување со човечките ресурси во јавната администрација, воспоставен е Информациониот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР).

Внесувањето на податоците во системот и нивното тековно и навремено ажурирање е законска обврска на секоја институција од јавниот сектор и претставува предуслов за исплата на плати.

На денешната обука преку спојот на теоретското и на практичното управување со човечките ресурси детално се говореше за најновите законски решенија, а сето тоа беше проследено со практична симулација на користењето на ИСУЧР.

Во таа насока, на обуката се говореше за постапката за селекција за вработување на административен службеник, за постапката за унапредување на административниот службеник, за мобилноста преку распоредување или преземање и за значењето и функција на трансфер-листата.

На обуката се говореше и за измените во поглед на тестот за проверка на интелектуалниот капацитет и тестот на личност, за начинот на проверка на знаењето на странски јазик, за постапките и условите за напредување во кариерата и за новата улога на мерките за одличен и слаб учинок.

Во врска со Информациониот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР), стана збор за значењето  на ИСУЧР, за субјектите кои имаат обврска за упис во системот, за овластеното лице за работа со системот, како и за организацијата на системот и пристап до него.

При симулацијата за користењето на Информациониот систем за управување со човечки ресурси детално се опфатија прашањата за внесувањето на организациона структура, за внесувањето на работните места, за активирањето на Правилникот за систематизација на работни места, за внесувањето на промени и исправка на грешки и за поврзувањето со Управата за јавни приходи.

Обуките на Академик се одлични, како што е одлична и правната литература во издание на Академик, но и Академика, која е водечка и најекспедитивна збирка на македонски прописи на интернет.

„Oбуката ја оценуваме со висока оценка, и од аспект на организацијата и од аспект на предавањата и презентациите. Се работи за законски и системски новини за кои е потребна подготовка во врска со практичната примена“ – Срѓан Цветановски и Катерина Кузменовска, Фармацевтски факултет.

„Одлична беше обуката! Сигурно дека ќе има резултати во работењето“ – Ќанија Алиоски, Општина Долнени.

„На обуката се говореше за пополнување на работни места на административни службеници со практична симулација на ИСУЧР, што преставува една од новините за администрацијата и јавниот сектор. За темата се дискутираше детално и предавачките темелно пристапија кон прашањата. Имаше и интерактивна дискусија, што ѝ даде дополнителен квалитет на обуката“ – Сашко Ѓорѓиевски, ЈКП „Дервен“ Велес.

„Супер беше обуката, предавачките беа одлични и темата е многу актуелна“ – Сања Димитриевска и Маргарита Чупкароска, Агенција за електронски комуникации.

„Обуката беше извонредна. Имаше подготвени предавачки, кои детално посочија како да се применат законските новини во врска со административните службеници и новиот интегриран систем“ – Зекија Мемедова-Христова, Државен инспекторат за животна средина.

„Одлична е обуката. Презадоволен сум од предавачките. Добивме корисни и практични информации“ – Тони Сваќароски, СОУ Гимназија „Мирче Ацев“.

„Обуките на Академик се секогаш извонредни. Многу сум задоволна од обуката. Опфатено беше сè што нè интересира. Предавачките беа компетентни“ – Дарко Качаков, Општина Дојран.

„Многу корисна обука, посебно за нас што работиме на оваа проблематика“, Душица Сеизовска-Јовановиќ и Сашо Костовски, ЈП „Пазаришта“ Куманово.

„Супер беше обуката, многу едукативна и корисна за нас“ – Ивона Крстевска и Вера Димитровска, ЈП Македонски шуми.

„Позитивно ја оценувам обуката. Научивме многу за новините што треба да ги примениме. Се расчистија и многу дилеми кои се појавуваат“ – Башким Демири, Државно правобранителство.

Обуката на Академик позитивно ја оценуваат и Магда Арсовска од Државниот завод за статистика, Николина Глигоровска од Општина Могила, Весна Хаџикојчева од Општина Гевгелија и Блаже Костовски од Општина Росоман.