/ Прочитано:

1.734

Академик одржа обука за практичната примена на Законот за градежно земјиште

Академик одржа обука за практичната примена на Законот за градежно земјиште, на која предавачи беа Анета Јорданова и Дејан Митески од Министерството за транспорт и врски.

На обуката детално се образложија прашањата кои се однесуваат на правата на градежно земјиште; начинот и постапката за поднесување и постапување по предметите за располагање со градежно земјиште во државна сопственост и поврзаност со други закони кои се применуваат при спроведување на постапките.

Во таа насока, на обуката посебен акцент беше ставен на правните и физички ограничувања за располагање со градежно земјиште во државна сопственост; начинот и постапката за поднесување и постапување по предметите за располагање со градежно земјиште во државна сопственост; целосната електронска постапка – од поднесување на пријавата/барањето до запишување во јавната книга за запишување на недвижностите; начинот на утврдување на цената на градежното земјиште и примената на други закони во постапките за отуѓување на градежно земјиште.

Учесниците на обуката нагласуваат дека на обуката се разјасниле сите дилеми кои се наметнуваат низ практиката во врска со правилната примена на Законот за градежно земјиште.

„Се работи за комплексна материја и ваков тип на квалитетни обуки во многу аспекти помага во нашето тековно работење. Позитивно е што на обуката се презентираа многу практични примери преку кои можеше да воочиме како треба да се постапува во конкретни ситуации и како да се наоѓаат решенија во различни предмети поврзани со градежната регулатива“, коментираат учесниците на обуката.

Невенка Колеќева-Наумовска од Општина Ѓорче Петров вели дека обуката била добро организирана и добро водена. Соња Јовчевска од „Пепито дом“ Скопје истакнува дека целта на обуката била исполнета, особено од гледиште на организацијата и предавањата.

„Предавачите беа добро подготвени и одлично го пренесоа своето знаење“, потенцираат Марија Ѓурчиновска од Општина Ѓорче Петров, Јулијана Долинска Ангелова од „Макпетрол“ и Мата Костадиновска од Општина Крива Паланка.

„Организацијата на обуката беше одлична. Исто така, одлични беа и предавањата“, додаваат Филип Гиноски од Општина Ѓорче Петров,  Методи Николов од Општина Зрновци и Зоран Ѓоргиев од Општина Конче.