/ Прочитано:

1.984

Академик одржа обука за правилното и законското користење и располагање со ствари во државна и во општинска сопственост

Академик одржа обука за правилното и законското користење и располагање со ствари во државна и во општинска сопственост, на која предавач беше Сашо Матески – ревизор при Државниот завод за ревизија. На обуката која беше проследена со динамична интерактивна дискусија, се дадоа  одговори на многу прашања кои се од исклучителна важност при користењето и располагањето со стварите во државна и во општинска сопственост.

Во таа насока, на обуката се говореше за задолжителните чекори при давање на недвижност под закуп, законските одредби за закупувањето ѕидни површини за рекламни цели, вредносниот праг за примена на Законот и дали може да се продаде или да се даде на користење ствар во државна сопственост со непосредна спогодба.

На обуката, исто така, се говореше и за законската процедура за постапување со отпад и негово отстранување; како да се спроведе електронска аукција за продажба на ствари и кои се единствените начини за отпис на стварите од сметководствената евиденција.

„Добивме многу квалитетни одговори за сите прашања на обуката. Предавачот беше одличен, како и самата организација на обуката. За поздрав е и можноста да се истакнат практичните примени и можноста да се добијат совети за правилната примена на законските процедури за користење и располагање со ствари во државна и во општинска сопственост“, нагласуваат учесниците на обуката.

Марина Перчиниќ од Министерството за труд и социјална политика, Ајбеан Ајдини од Општина Маврово и Ростуше, Петар Гацов од УЈП и Славица Игнатовска од Општина Кавадарци велат дека предавачот одлично го пренел своето знаење и дека за оваа тема се потребни уште вакви обуки.

Дејан Трајковски од Општина Битола вели дека обуката била одлична, како од аспект на темата, така и од аспект на просторот каде што се одржувала.

„Предавањето беше одлично спроведено и имаше одговор на сите поставени прашања од страна на предавачот“, истакнува Љубица Тарашовска од КПУ „Затвор Битола“.

„Предавачот м-р Сашо Матески исцрпно нè информираше и ни даде појаснување за сите поставени прашања за кои бевме заинтересирани“, додава Кула Савеска од КПУ „Затвор Битола“.

Во врска со прашањата од темата на обуката, Сашко Груевски од Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен смета дека има потреба за законски измени во поглед на регулирањето и утврдувањето на условите за поништување и повторување на постапката за јавно наддавање.

Кристина Чејкова од Општина Кавадарци, исто така, посочува дека е потребно подетално објаснување на законското решение за користење и располагање со стварите во државна сопственост, особено во делот на одредбите кои се однесуваат за ствари во сопственост на општините.

Горан Бурески од Општина Битола нагласува дека на обуката добро се појасниле проблемите со кои се соочуваат општините во врска со Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост.

На обуката, истакнува Елена Цветановска од ЈЗУ Здравствен дом „Демир Хисар“, се водеше добра дискусија и беа разгледани поголем број прашања за кои беа посочени и практични решенија.