Академик одржа обука за примената на Законот за општата управна постапка

Академик одржа обука за примената на Законот за општата управна постапка во решавањето на управните работи и остварувањето на правата на странките во постапката.

Предавачи на обуката беа Ана Михајловска и Елена Кареска, управни инспектори во Државниот управен инспекторат.

На обуката учествуваа голем број претставници од органи на државната управа, организации установи, правни и физички лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и претставници од единиците на локалната самоуправа.

Законот за општата управна постапка уредува обемна и комплексна материја, која при практичното применување отвора бројни прашања и дилеми.

Учесниците на обуката нагласуваат дека сите овие дилеми со кои се соочуваат низ практиката биле одлично разјаснети на обуката во организација на Академик посветена на ЗОУП.

„Обуката беше корисна и многу сум задоволен од нејзината реализација. На обуката се запознав со многу работи од ЗОУП и неговата примена“.

„Одлично беше, речиси перфектно“.

„Солидно спроведена обука, на која се дадоа одговори на различни прашања од различни области. На обуката се пренесоа и многу релевантни искуства“.

„Одлична обука, со многу спремни предавачи“.

„Организацијата на обуката беше одлична“.