/ Прочитано:

1.564

Академик одржа обука за примената на Законот за заштита на личните податоци

Во насока на обезбедување навремена стручна подготовка на субјектите за правилна примена на законските и подзаконските акти за заштита на личните податоци,  Академик одржа обука за практична примена на Законот за заштита на личните податоци. Предавач на обуката беше Ангел Наковски, долгогодишен експерт од областа на заштитата на личните податоци.

Пред бројните уечсници, Наковски детално се осврна на прашањата за  правната рамка за заштита на личните податоци, за обработката на личните податоци, како и за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.

На обуката се говореше и за Општата регулатива за заштита на личните податоци на Европскиот парламент и Советот на Европската Унија и за стандардите и мерките предвидени за обезбедување тајност и заштита при обработката на личните податоци, потоа за обврските и одговорностите кои се пропишани за контролорите и обработувачите на личните податоци, како и за механизмите за препознавање злоупотреби и начини за заштита на правата на субјектите на личните податоци.

„Предавачот на обуката посветена на личните податоци беше одлично подготвен и одлично го пренесе своето знаење. Исто така, одлична беше и организацијата на обуката“, велат Стефан Дувњак од Халк осигурување, Цветанка Тодоровска од Општина Кисела Вода и Ива Ефтимов и Саша Романов од Општина Карпош.

„Сум бил на повеќе обуки за заштита на личните податоци, но оваа беше најдобра. Имаше непосредност и интеракција на одлично ниво. Сите прашања ми беа одговорени во целост“, вели Драган Јакимовски од Град Скопје.

„Обуката беше одлична и ги исполни своите цели. Временскиот распоред на предавањата беше соодветен, а предавачот имаше добро предавање“, велат Јордан Јованов од Адвокатското друштво „Томислав Кузманоски“ и Славица Геговска од „Макпетрол“ АД Скопје.

>>>Академик обуки