Академик одржа обука за системот за управување со ефектот на административните службеници и за пополнувањето на работни места
Академик одржа обука за системот за управување со ефектот на административните службеници и за користењето на ИСУЧР. Предавачи на обуката беа Билјана Николовска-Жагар, државен советник во Министерството за информатичко општество и администрација, и Лаура Идризи, помлад соработник за оценување на вработените во Министерството за информатичко општество и администрација.
Пред големиот број учесници на обуката се говореше за најновите законски решенија во поглед на начинот, постапката и условите за пополнување на работните места на административните службеници, што беше надополнето и со обработка на елементите на системот за управување со ефектот на административните службеници.
Обуката беше проследена и со практична симулација на Информациониот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР), кој е задолжителна алатка за електронско управување со човечките ресурси во јавната администрација и чие целосно пополнување претставува предуслов за исплата на плати.
„Практичната симулација и деталните предавања за системот за управување со ефектот на административните службеници и за пополнувањето на работните места беа одлични и многу корисни. Предавачките имаа извонредни презентации од кои стекнавме нови знаења кои ќе ги примениме во нашето понатамошно работење. Исто така, за поздрав е и одличната организација на обуката, што е една од одликите на обуките во организација на Академик“, коментираат учесниците на обуката.
„Ја завршувам обуката со позитивни впечатоци и со позитивни искуства пренесени од предавачките, посебно од почитуваната Билјана Николовска-Жагар. На обуката се здобив со поширок дијапазон на познавања од областа на административните службеници, нивното вработување и дејствување во системот, а сè со цел ставање на службата во служба на граѓаните. Повторно би се одлучил за обука од ваков тип, организирана од Академик. Искуствата се навистина позитивни“.