Академик одржа обука за стратешките и тактичките анализи за процена на ризици од перење пари и финансирање на тероризам
Академик одржа обука на тема „Стратешки и тактички анализи за процена на ризици од перење пари и финансирање на тероризам“, на која предавач беше Ивица Симоновски, експерт од областа на финансиското разузнавање.
На обуката на Академик беше образложена потребата од спроведување стратешки и тактички анализи за процена на ризиците од перење пари и финансирање на тероризам, со детален осврт на чекорите што мора да се преземат.
Во таа насока, на обуката беа образложени бројни прашања во врска со усогласувањето на законската регулатива со законодавството на ЕУ од областа спречување перење пари и финансирање на тероризам, поимот за стратешка и тактичка анализа и разузнавачкиот циклус како клучна алка за спречување перење пари и финансирање тероризам.
„Добивме знаења и насоки од одличен предавач, особено во поглед на тоа какви мерки треба да се преземат со цел спречување перење пари, потоа какви мерки треба да се преземат со цел да се сведат на минимум негативните појави и какви механизми треба да се користат за успешно справување со ситуации на можни појави на перење пари и финансирање на тероризам“, коментираат учесниците на обуката.
„На обуката се разјаснија сите дилеми за правилна примена на новите законски решенија од областа на спречување перење пари. Позитивно беше тоа што низ интерактивен пристап и низ практични примери, со наведување на конкретни ситуации, се дадоа одговори на сите прашања. Секако, за поздрав е и тоа што имаше доволно време за дискусии и разменување мислења и искуства со колегите“, додаваат тие.
„Обуката беше одлично организирана. Обуката имаше актуелна и солидна тема и предавач кој добро предаваше“, вели адвокатката Симона Пажиќ.
„Потребно е да се организираат повеќе вакви обуки, кои се одлични“, нагласува Чемајл Бафтии од АД Македонска пошта.
Звездана Гичевска од „Граве осигурување“ АД Скопје и Ивона Јовановска од „Монета финанциал сервицес“ ДООЕЛ Скопје потенцираат дека целта на обуката била исполнета и на неа можеле да се слушнат одлични дискусии. Предавачот, додаваат тие, беше одлично подготвен и одлично го пренесе своето знаење.
„Одлична беше и организацијата на обуката“, нагласуваат Гичевска и Јовановска.