/ Прочитано:

1.178

Академик одржа обука за Законот за субвенционирање на социјалните придонеси поради зголемување на плата

Академик одржа обука на тема „Практична примена на Законот за субвенционирање на социјалните придонеси поради зголемување на плата“.

Со Законот за субвенционирање на социјалните придонеси поради зголемување на плата се дефинирани условите што мора да ги исполни обврзникот за да оствари право на субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата, понатаму пропишани се видовите придонеси, утврдени се начинот за определување референтен период и начинот на пресметување на референтната основна плата, а целта на овие законски решенија е поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата со повисок износ.

Предавачи на обуката беа Мирјанка Алексевска, раководител на Секторот за политики од областа на трудовото право и политики за вработување во Министерството за труд и социјална политика, и  Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи на Република Северна Македонија.

На обуката, за која учесниците упатуваат пофални зборови, беа разјаснети правилата и пресметките за субвенционирање на социјалните придонеси поради зголемување на плата. Во рамките на обуката беа спроведени и практични вежби и примери на пресметки со обработка и анализа и на новиот Правилник за начинот на пресметката на износот за субвенционирање и постапка за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ зголемување на плата.

Учесниците нагласуваат дека обуката била одлично организирана и дека предавачите на јасен начин ја образложиле темата. Голема предност на обуките во организација на Академик, истакнуваат учесниците, е што има доволно простор за прашања и за размена на искуства.

„Предавањето беше убаво и темелно, со многу соодветно разработени примери и појаснувања“, Македонка Ивановска од „Еуроникел индустри“.

„Предавачите беа одлично подготвени и одлично го пренесоа своето знаење. Организацијата на обуката, исто така, беше одлична“, Гоце Кузмановски од „Костенурка“, Бијанка Трајковска од „Сaманта“ ДОО  и Дарко Кермичиев од ТГС „Технички гасови“.