/ Прочитано:

1.242

Академик одржа обуки за канцелариското и архивското работење и за јавните набавки

Академик одржa обуки за канцелариското и архивското работење и за новиот Закон за јавните набавки и единаесетте нови подзаконски акти.

На првата еднодневна обука на тема: „Сè што треба да знаете за канцелариското и архивското работење – од приемот на документацијата, па сè до нејзиното уништување“ се говореше за правната рамка за канцелариско и архивско работење, за водењето деловодник и книги за евиденција, а посебен осврт се даде на водењето е-архива и е-деловодник, како и на постапувањето со архивскиот и документарниот материјал.

На обуката беше нагласено дека правилното постапување со документарниот и со архивскиот материјал е клучен сегмент во управувањето со правниот субјект и во докажувањето на законитоста во неговото работење.

„Важноста на темата за канцелариското и архивското работење, како и одличните обуки во организација на Академик беа мотив плус да бидеме дел од обуката. На обуката се образложија сите прашања од архивското и канцелариското работење кои имаат големо значење од аспект на практиката“, коментираат учесниците на обуката, додавајќи дека многу биле квалитетни предавањата на вишите управни инспектори од Државниот управен инспекторат.

„Презентацијата беше одлична, а организацијата беше супер, од почетокот до крајот. Се надеваме на понатамошна соработка“, вели Елена Смилкова од Град Скопје.

„Задоволни сме од обуката. Имаше квалитетна презентација, квалитетно предавање и одлично пренесено знаење“, вели Елена Утковска-Пејковска од Клиниката за кардиологија.

„Организацијата на обуката беше одлична. Одлични беа и предавањата“, вели Светлана Митева од Комисијата за хартии од вредност.

На обуката посветена на јавните набавки се говореше за новиот Закон за јавните набавки и единаесетте нови подзаконски акти. Во таа насока, на обуката се говореше за клучните измени во поглед на критериумите за доделување договори за јавни набавки, за посебниот систем за е-пазар за набавки од мала вредност, за новите постапки за јавни набавки, за понудата во форма на електронски каталог, како и за многу други досега неприменети правни институти, со кои започнува целосна реформа во системот на јавните набавки.

„Предавачот Кирил Каранфилов, кој е претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки и експерт од областа на јавните набавки, беше одличен. Тој во предавањето посебно се осврна на законските новини, на постапките за јавните набавки, за жалбената постапка, за актите и за многу други прашања. Сите дилеми што ги имавме на обуката се расчистија. Накратко, обуката беше одлична во секоја смисла“, велат учесниците.

„Предавачот имаш стручно и професионално предавање. Начинот на комуникација на обуката беше флексибилен и конструктивен“, вели Силвана Благоева од Центарот за развој на источен плански регион – Штип.

„Организацијата на обуката беше одлична, а предавачот беше добро подготвен. Тој добро го пренесе своето знаење“, додаваат Елена Наумова и Јани Кардула од „Евроинс“ осигурување.