/ Прочитано:

3.946

Академик одржа уште една обука за актуелни прашања од областа на јавните набавки

Поради големиот интерес и актуелната тема, Академик денеска повторно одржа обука за јавните набавки.

На денешната обука се говореше за доделување договори за јавни набавки, за основаното издавање негативна референца, за правната заштита и за најважните новини предвидени во Нацрт-законот за јавните набавки.

Предавач на обуката беше Маја Малахова, претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Доделувањето на договорите за јавни набавки преку соодветната постапка и изборот на соодветно средство за правна заштита, беше истакнато на денешната обука, е комплексна задача од сериозна одговорност и важност, како за договорните органи така и за економските оператори.

На обуката стана збор за постапките за доделување договори за јавни набавки и за битните повреди на законот, за видовите постапки за доделување договори за јавни набавки, за негативната референца и за правната заштита во постапките за јавни набавки, со посебен фокус на значењето на оваа референца, условите за нејзино издавање, ефектот на негативната референца врз економскиот оператор, заштита од незаконско издавање на референцата и во таа насока, основот за отстранување на негативната референца.

Понатаму, на обуката се говореше и за правото за барање правна заштита, за елементите на жалбата и начинот и роковите за нејзино поднесување. Во таа насока, се елаборираа прашањата за учеството на договорниот орган во постапката по жалба, дејството на жалбата, видовите одлуки на Комисијата, насоките за постапување кон договорниот орган и правото на судска заштита.

На денешната обука, истакнуваат учесниците, стекнавме практични вештини и знаења за полесно справување со предизвиците во постапките и добивме одговор на сите прашања и дилеми кои го засегаат нашето практично работење во поглед на јавните набавки.

Исто така, додаваат учесниците на денешната обука, се запознавме и со решенијата во новиот Нацрт-закон за јавните набавки, па така на обуката имаше можност да се споредат актуелните и новите решенија со цел да се добијат претходни знаења за законските новини во насока на подобра подготовка.

„Обуката во организација на Академик, посветена на мошне актуелни прашања од доменот на јавните набавки, беше многу едукативна и информативна. Во таа смисла ја оценувам позитивно“, Анета Талеска, ОУ „Лазо Ангеловски“.

„Супер беше обуката, предавањето беше корисно, а предавачката кажа и бројни примери од практиката, што ќе ни користи во нашето работење. Интересно и корисно беше предавањето и за новините за јавните набавки, исто така“, Маргарита Гаќина и Катерина Мијалова-Ефтимовска.

„Добра беше обуката, се говореше за многу правни прашања и за законските аспекти на јавните набавки, а се опфатија и теми за најавените законски новини“, Анита Радевска и Светлана Силјановска.

„На обуката се дискутираше за актуелни теми поврзани со јавните набавки, правилната примена на законодавството од оваа област, особено во поглед на постапката по жалба и понатамошната правна заштита“, Сузана Димкова, Основен суд Кавадарци.

„На денешната обука се говореше за доделувањето договори за јавни набавки, за основаното издавање негативна референца, за правната заштита, како и за клучните новини предвидени во Нацрт-законот за јавните набавки. Предавањето за овие теми беше одлично“, Мартина Георгиева, Винер – Виена Иншуренс Груп АД Скопје.