Академик одржа уште една обука за канцелариското и архивското работење
Академик одржа обука на тема: „Сè што треба да знаете за канцелариското и архивското работење – од приемот на документацијата, па сè до нејзиното уништување“.
На обуката се говореше за правната рамка за канцелариско и архивско работење, за водењето деловодник и книги за евиденција, за водењето е-архива и е-деловодник, како и за постапувањето со архивскиот и документарниот материјал. Обуката се заокружи со практични примери и вежби.
Учесниците на обуката коментираат дека се презадоволни од реализацијата на обуката. Атмосферата, велат тие, беше прекрасна. Предавачите имаа одлични предавања. Сите прашања што ги поставивме, додаваат учесниците, беа одговорени на разбирлив начин, преку примери и совети за понатамошно наше постапување во практичното работење.
„Задоволна сум од обуката, немам забелешки“.
„Задоволна сум многу“.
„Многу е важно да се има стручни лица, кои на добар и едноставен начин можат да го пренесат своето знаење. Јас тоа го добив во Академик“.
„Обуката беше добро организирана и на неа можеше многу да се научи. Сите неразјаснети работи се разјаснија“.
„Задоволна сум од обуката“.
„Презадоволна сум од оваа обука. Би сакала да бидам дел и од следната“.
„Организацијата на обуката беше одлична“.