Академик одржа уште една обука за постапувањето со бесправно изградени објекти, од која учесниците понесуваат одлични впечатоци
Академик одржа уште една обука за практичната примена на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.
Оваа обука беше реализирана поради огромниот интерес за учество на претходната обука, која се одржуваше на 14 февруари, а за која беше целосно пополнет бројот на учесници.
„Задоволни сме што Академик организираше уште една обука посветена на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Како што е својствено за обуките на Академик, и оваа обука предизвика голем интерес поради одличното предавање. На обуката се дискутираше за многу отворени прашања кои произлегуваат од практиката, а предавачот Мартин Оџаклиески, кој е државен советник за управно-надзорни работи при Министерството за транспорт и врски, даде одговор на сите поставени прашања“, коментираат учесниците на обуката.
„На обуката се дадоа конкретни насоки за спроведување успешна постапка за утврдување на правен статус на бесправен објект и беа презентирани бројни примери од практиката. За пофалба е што на обуката имаше богата интерактивна дискусија и, секако, и во иднина би сакале да бидеме дел од овие успешни настани на Академик “, нагласуваат учесниците.
„Би сакале повторно Академик да организира обука на оваа тема, на која со задоволство ќе дојдеме“, додаваат учесниците на обуката.
„Потребно е почесто да се прават вакви обуки со цел полесно да се решаваат проблематичните предмети“, вели Александра Алексовска-Николова од Општина Радовиш.
„Многу е добро што се одржуваат вакви обуки и тоа треба да продолжи и во иднина“, истакнува Гани Фетаи од Општина Желино.
„Обуката во организација на Академик е голема придобивка за нас. На обуката имаше суштински појаснувања за одредени проблеми кои произлегуваат од практичната примена на Законот за бесправно изградените објекти“, вели Рефет Имери од Општина Гостивар.
„Треба да се воспостави подобар контакт администрација – Министерство за што подобар и поефикасен начин за решавање на проблематичните предмети“, образложува Метали Јашари од Општина Куманово.
Томе Ѓурчилов од Општина Карпош ја оценува обуката како мошне корисна, а Ерканда Баута од Општина Струга додава дека организацијата на обуката била одлична.
„Целта на обуката беше исполнета. Организацијата беше одлична и имаше многу пријатна атмосфера. Предавачот, исто така, беше одличен“, велат Маријана Зенделова од Општина Штип, Весна Зенделова и Даниела Крнчески од Општина Карбинци.
„Предавачот Оџаклиески беше добро подготвен и одлично го пренесе своето знаење“, нагласуваат Шабан Нуредини од Општина Желино, Николче Тасевски од Македонски телеком и Марија Спиродонова и Јован Митревски од Општина Македонска Каменица.